Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на Специјалната болница за нефрологија, др Јетмир Зиба, не му го продолжил договорот. Димоски изјави дека на неговото место се вработиле тројца нови физиотерапевти, кои, според него, немаат искуство за работата што ја преземаат.
Без никакво образложение, не ми беше ништо образложено, зошто не ми се продолжува договорот, а на мое место беа донесени двајца надворешни колеги, физиотерапевти. А пред три дена на 16-ти донесоа уште една нова колешка“, вели Диме Димоски.
Директорот на Специјалната болница за нефрологија, д-р Јетмир Зиба, не даде коментар за причините поради кои договорот на Димоски не бил продолжен, но најави дека следната недела ќе се произнесе за случувањата.
Димоски, сопруг и татко на две малолетни деца, дипломирал како физиотерапевт. Од 2005 до 2014 година работел во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, потоа работел приватно неколку години, а последните две години бил ангажиран во Заводот за нефрологија во Струга.
Фамилијарен човек сум. Сопруг и татко на две деца. Се снаоѓаме некако. Мојата сопруга е вработена и така крпиме некако“, вели Димовски.
Негови колеги од болницата го опишуваат како професионалец кој одлично ја познава својата работа.
Димоски беше врвен стручњак, човек на кој можеш да се потпреш во секој момент. На негово место дојдоа тројца нови кои не се едуцирани и компетентни за таа работа“, порача Елизабета Димоска-Чифлигароска.
Таа смета дека во време на недостиг од професионален медицински кадар, ваквите постапки, со кои професионалците се оставаат без работа, се недозволиви.