strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
МАКЕДОНИЈА

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Објавено January 7, 2025 09:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики.

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упати Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

„Зашто Дете ни се роди – Син ни се даде… и ќе Го наречат:

Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот..

Возљубени празникољупци,

Воплотувањето на Бога, во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој спасоносен настан е потврдувањето на вистината дека секоја личност е посебна и неповторлива, обдарена со посебни дарови и таланти. Христијанството ја возвестува вистината дека секоја личност има непроценлива вредност пред Бога, Кој толку го возљуби човекот и светот, што самиот Себеси Се понижи до таа мера да се роди во пештера, да прими лик на слуга, па дури и да биде распнат на Крст – за сите и за сè.

Оваа вистина треба да ни послужи како поттик да дадеме сè од себеси, за во духовниот раст да Му се уподобиме на Христа, Кој, бивајќи Богочовек, е наш совршен пример на човечко битие. Тоа духовно растење, пред сè, започнува да ни се укажува преку Божјиот глас во секого од нас, што ние го нарекуваме совест, а совеста, пак, е како витлеемската ѕвезда којашто нè води до Господа Христа. И токму следењето на таа светлина е почетокот на покајанието, коешто доведува до вистинска промена на нашите животи.

Возљубени чеда во Господа, 

Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји. Но од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и души, дали ќе живееме со радоста од спасоносниот настан во Витлеем и со одговорноста којашто Христовото рождество ја носи со себе. Веста за доаѓањето на Месијата, пастирите и мудреците ја примиле со радост и љубов, а царот Ирод, пак, ја примил со завист и љубомора. И како што радоста и љубовта нѐ прават вистински Христови следбеници, така зависта и љубомората се моќни чувства кои можат целосно да нѐ уништат, правејќи нѐ робови на омразата и на стравот. Токму така се чувствувал и Ирод кога од мудреците, коишто ја следеле чудесната ѕвезда, разбрал за раѓањето на пророкуваниот и очекуван Месија. Евангелието ни сведочи дека тој се вознемирил, плашејќи се да не го загуби својот престол. На сличен начин, како ова Иродово однесување, и ние честопати претпоставуваме дека квалитетите и успесите на другите луѓе ги засенуваат нашите, па почнуваме да ги гледаме нив како закана. Животот во Бога, пак, и осознавањето на вистината, дека бивајќи Божји чеда, меѓусебно сме браќа и сестри, нѐ вдахновува со љубов кон другите, со взаемна грижа и со радост за сечие преуспевање.

Возљубени во Христа Богомладенецот,

Преку Божјата љубов ние сфаќаме дека, како Божји чеда, сите сме примиле дарби коишто треба да ги преоткриваме и утврдуваме. Светиот апостол Павле вели: Даровите се различни, но Духот е ист; и служењата се различни, но Господ е ист; и делувањата се различни, но Бог, Кој извршува сѐ во сите, е ист. Пројавата, пак, на Духот се дава секому, за полза на сите. 

Каков и да е нашиот призив, какви и да се нашите дарови и таланти, сето тоа ќе придобие вистинска смисла доколку е принесено во служба на Бога, подобно на даровите коишто мудреците Му ги принеле на Богомладенецот. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат – вели светиот апостол Петар. А, пак, светиот апостол Павле ја истакнува нашата меѓучовечка поврзаност, велејќи дека сите сме членови и органи на Црквата и сите тие се важни и неопходни, иако имаат различни функции.

Возљубени чеда на Македонската Православна Црква,

Сите ние како личности, како Црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од Него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот Дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во Црквата Христова. Милостивиот Бог, преку Неговата љубов и Неговата благодат, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усоврушување во радоста на Светиот Дух.  

Оттаму Христовата жртва, започната со Неговото рождество по тело, и завршена со Неговото страдање на Голгота, ни укажува дека секој човек е достоен за љубов. Синот Божји, Господ Исус Христос, Се даде Себеси за сите да нѐ направи вечно живи. Затоа свети Иринеј Лионски истакнува дека „Славата Божја е – живиот човек“! А вистински жив човек е оној којшто пребива во љубовта Божја. Според тоа, треба да живееме според поуката на апостолот кој поучува: Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Живеејќи така, ќе го стекнеме мирот одозгора и ќе ги почувствуваме во нас плодовите на Царството Божјо, а тоа се: праведност и мир и радост во Светиот Дух. Па, чувајќи го единството на Духот преку врските на мирот, да се трудиме да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите, знаејќи дека за тој мир копнееле мирољубивите души низ целата историја. 

Затоа, празнувањето на Божик нè поставува пред изборот како ќе одговориме пред Христа Богомладенецот: дали ќе го следиме примерот на исплашениот Ирод, што води во погибел; или оној на смирените и искрени мудреци и пастири, кои со радост Му се поклонија на новородениот Цар?

Па, нас ништо не нè принудува да наликуваме на Ирода! Напротив, бивајќи крстени во името Христово, можеме да ја следиме ѕвездата на нашата совест којашто нè води до Христа, та Нему да Му ги принесуваме нашите лични дарови и таланти. Правејќи го ова, се ослободуваме од духовната поробеност, со што ни се покажува друг пат, патот на Евангелието, патот на вистинската слобода во радосната заедница на Неговото вечно Царство.

Со овие пораки ви го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како во Татковината, така и насекаде по светот, поздравувајќи ве со радосниот поздрав:

ХРИСТОС  СЕ  РОДИ!

Честито и од Бога благословено новото 2025-то лето Господово!“

TAGGED:божиќпразник
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Додик: Ќе продолжиме до крај, ќе се отцепиме од Босна и Херцеговина
Следна статија Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Бугарски професор до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев…

January 27, 2026

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

(ВИДЕО) Екс хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ скокна во морето на Антарктик

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која…

January 22, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се потсетиме на епот на Ковачевски за „мажиштето“ Зоран Заев

Полицијата во координација со Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од рано изутрината спроведува акција во…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Груби заведен дека пешки поминал граница: камерите снемале батерии тој ден, дисциплинска за двајца полицајци

МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето…

December 19, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?