strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Првоаприлска шега е дека македонската смедеревка се продавала како скапо француско шардоне- Српскиот портал ја измислил приказната за виното
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Првоаприлска шега е дека македонската смедеревка се продавала како скапо француско шардоне- Српскиот портал ја измислил приказната за виното
БИЗНИС

Првоаприлска шега е дека македонската смедеревка се продавала како скапо француско шардоне- Српскиот портал ја измислил приказната за виното

Објавено April 1, 2025 20:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Првоаприлска шега е веста дека некои познати винари од Бургундија, поточно од регионите Шабли и Монтраше во Франција, наместо со сопствено произведено вино, шишињата ги полнат со смедеревка увезена од Македонија. Веста утрово ја објави српскиот портал Вино и фино, а ја пренесоа повеќе српски и македонски медиуми.

Попладнево порталот објави дека се работи за првоаприлска шега.

„Апри-ли-ли-ли! Смедеревката, сепак, не се продава како шардоне. Веста дека вината од Македонија се продаваат под етикетите на премиум шардоне од Бургундија, се разбира, е безопасна првоаприлска шега. Веста што ја објавивме утрото, на 1 април, за тоа дека некои винари од Бургундија, поточно од Шабли и Монтраше, наместо со нивно вино, полнеле шишиња со македонска смедеревка – е само првоаприлска шега. Дека го погодивме центарот на целта говори фактот што многу регионални медиуми доста сериозно ја објавија оваа вест. Со голема радост сакаме да ги информираме нашите колеги во медиумите дека честа на виното од Бургундија и на нашиот драг сосед, Северна Македонија, е целосно зачувана. Не знаеме ниту една винарија која се занимава со такви активности. Не веруваме дека познатите куќи Шабли и Монтраше воопшто би се занимавале со такви практики, ниту пак дека смедеревка, макар и забарикадирана во француски буриња, некогаш би можела да помине како шардоне на непцето и на носот на познавачите“, пишува српскиот портал за вино.

Не постои винарска визба „Газда Ѓоко“ во Мрзенци, се додава.

„Нема ниту енолог Теле Репомаш (читај го ова име на глас). Целата приказна, од почеток до крај, е плод на нашата имагинација. Доколку сме покренале сомнеж за квалитетот и автентичноста на врвните вина од Бургундија, сакаме уште еднаш да ве увериме дека барем во однос на автентичноста и колку што знаеме, засега сè е во најдобар ред“, пишува порталот.

TAGGED:лажна вестмакедонска смедеревкафранцуско шардоне
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
Следна статија Се породи пратеничката која со солзавец ја испрска српската опозиција

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?

Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот ценовен индекс (HICP) во декември изнесува 2,4%, покажуваат прелиминарните пресметки на…

January 8, 2025
БИЗНИС

Ворен Бафет се реши на радикален пресврт и предизвика општа паника: „Дали тој знае нешто што ние не знаеме?“

Ворен Бафет, човекот познат по тоа што изјави дека неговиот омилен временски период за чување акции во неговото портфолио е…

November 14, 2024
БИЗНИС

ТикТок од недела ќе биде забранет во САД, има само еден начин да се спаси

„ТикТок“ ќе биде забранет во САД од недела, доколку кинеската матична компанија не го продаде, одлучи Врховниот суд. Сепак, претседателот…

January 17, 2025
БИЗНИС

ЕУ го казни Линкедин со 310 милиони евра

Регулаторните органи на ЕУ изрекоа казна од 310 милиони евра на веб-страницата „Линкедин“ поради прекршување на строгите правила за приватност…

October 25, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?