Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Стеф Кари, е познат по проектилите од далечина, па ретко забива, но токму тоа го направи во ноќешниот пораз на Голден стејт вориорс на гости кај Филаделфија севентисиксерс (119-126), со што противникот ја прекинаа серијата од девет последователни порази.
Кошаркарот на Вориорс беше најдобар стрелец во својот тим со 29 поени, но вниманието го украде неговото ретко забивање – прво по пауза од шест години. Сепак, дури ни неговите 13 асистенции не беа доволни за да го спречат првиот пораз на тимот на Стив Кер по пет победи во низа.
Ова беше најверојатно последното забивање од мене во кариерата. Еве, со сигурност ви кажувам дека тоа е тоа, – изјави Кари.
STEPH CURRY 2-FOOT HAMMER TIME 🔨🫣
It's his first in-game dunk in 6 years! pic.twitter.com/E3GZU4wNe3
— NBA (@NBA) March 2, 2025