strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците

Објавено July 9, 2025 08:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на  неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на Претседател на Уставен суд. 

-Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не, што е нормално. Наша и моја дилема како Собрание, како кабинет и како служба. Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“. Сега ние како Собрание мораме да го процесуираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некои од пратениците ќе бараат таа точка да се тргне од дневниот ред. Главно, на координацијата со координаторите на пратеничките групи преовладуваше перцепцијата дека не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд. Ќе видиме како ќе одлучи пленумот, рече Гаши.

Информира дека тој ќе бара од собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања јавна расправа за дефинирање на зборот „носител на јавна функција“.

-Јас ќе барам од Комисијата за деловнички и мандатни прашања да заседава и понатаму да направиме јавна расправа да се дефинира поточно зборот „носител на јавна функција“, затоа што тука спаѓаат претседателот на државата, градоначалниците, особено судовите. Мислам дека треба правно да ја разјасниме за понатаму да не остане тоа на волјата на претседателот на Собранието или некоја индивидуа, туку да оставиме институционален траг како да се постапува по овие иницијативи.

Гаши потенцира дека поднесителите на иницијативата за Костадиновски, односно ДУИ, не присуствувале на денешната координација на координаторите на пратеничките групи. Предложил таа точка да се тргне од дневниот ред.

-Подносителот на иницијативата за интерпелација, односно ДУИ не беа денеска на координацијата. Јас сакав да предложам дали да ја тргнеме, ама тогаш пак ќе имаше реакции зошто сме ја тргнеле и плус не беше координаторот на ДУИ за да не решаваме во нивно име. На самата седница ќе се гласа дали да се тргне. Во Уставот стои само „носител на јавна функција“. На пример, тогаш ДУИ реагираше за интерпелацијата за членовите на Судскиот совет, а сега тие сами предлагаат, рече тој. 

Гаши соопшти дека Собранието ги следела сите рокови и до Костадиновски е испратена интерпелацијата. Посочи дека тој имал рок да одговори, но не одговорил. Потенциа дека Костадиновски кажал дека нема да присуствува на пленарната седница каде ќе се дискутира за неговата интерпелацијата. Гаши нагласи дека тоа е негово право.

Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд. 

– Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.

Според Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик. 

– Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинската агенција МИА во август 2024 година, каде што вели цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување, рече Хасани.

Во  реакцијата  од Уставниот суд тогаш преку соопштение посочија дека Костадиновски нема да коментира какви било политички изјави.

-Уставот на Р.С.М не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната ниту од страна на извршната власт. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста не подлежи на начелото на поделба на власта . Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки, акти и дејствија . Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција . Уставот не му дозволува на Собранието со законски решенија на кој било начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на судиите, беше посочено во соопштението на Уставниот суд.

На 59. седница, нај дневен ред се предложени 31 точка меѓу кои и Предлогот за изборот на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници во второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

По скратена постапка се поднесени Предлог на законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство. 

TAGGED:дарко костадиновкиинтерпелацијаСобраниеУставен суд
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Челзи е првиот финалист на Светското клупско првенство
Следна статија „Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување

Два месеца поминаа, а сѐ уште стојат гаражирани шесте донирани еколошки автобуси, кои според најавите на церемонијата на примопредавање, требаше за…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански

Владејачката коалиција ВЛЕН изрази жалење за пристапот што министерката за образование Весна Јаневска го имаше за време на вчерашниот јавен…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Штекли однесен на Неврологија

Судењето против Раде Трајковски-Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога, доцни поради негова хоспитализација. Трајковски бил пренесен…

July 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?