strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Предложен притвор за шестмина фалсификатори на пари осомничени во акцијата „Вардар“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Предложен притвор за шестмина фалсификатори на пари осомничени во акцијата „Вардар“
ХРОНИКА

Предложен притвор за шестмина фалсификатори на пари осомничени во акцијата „Вардар“

Објавено February 3, 2025 17:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Шесте лица во меѓународната акција „Вардар“ имале посебни „улоги“ во фалсификувањето на парите, соопшти денеска ЈОРСМ. Денеска обвинителот донесе наредба за спроведување истражна постапка и ги сомничи дека фалсификувале европска валута во различни апоени. Во земјава, „канцеларијата“ за правење пари била во Чаир, лажните пари се набавувале од Турција, дел од осомничените од Србија наоѓале купувачи за лажни банкноти, други биле задолжени за набавка на опрема.

Едниот од нив успеал и да ги легализира преку пуштање плата, и преку брзи кредити, преку подигање кредити од банка..Освен за злосторничко здружување, обвинителството ги сомничи и за фалсификување пари, правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување, перење пари. Од крајот на 2023, досега првоосмничениот заедно со тројца осомничени ја формирал групата која фалсификувала пари на подрачјето во земјава и во соседна Србија. Ним им се приклучиле четврт и шестомничен во земјава и српски државјани каде таму се води постапка. При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу милион евра, но и американски долари, швајцарски франци, израелски шекели, хрватски куни, албански леки, шведски круни и руски рубљи, појасни денеска Обвинителството во соопштение испратено по претходно одржаната прес-конференција во која меѓудругото се говореше за детали од истрагата.

– Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција под кодно име „Вардар“, предметен обвинител од ОЈО Скопје, овластен да постапува во овој предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека како организирана криминална група фалсификувале европска валута – евра во различни апоени. Осомничените, освен кривично дело Злосторничко здружување, сториле и кривично дело – фалсификување пари, додека на прво и на петто осомничениот им се става на товар дека сториле и кривично дело – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување. Дополнително, за првоосомничениот постои основано сомнение дека сторил и кривично дело – перење пари и други приноси од казниво дело, соопшти ЈОРСМ.

Од крајот на 2023 година, па сè до февруари 2025 година, првоосомничениот заедно со тројца други осомничени создал група што имала за цел вршење на кривично дело Фалсификување пари на територијата на РС Македонија и на територијата на Р Србија, на која група припадници станале четврто и шесто осомничените и српските државјани за кои се води постапка во Р Србија, како и други НН лица.

Секој член на групата имал определена улога во планот и во извршувањето на кривичните дела. Првоосомничениот, во стан, во населба Чаир, кој го нарекувал своја „канцеларија“, заедно со неговиот син – второосомничениот, ги правел лажните пари во апоени од 50, 100 и 200 евра, а од Република Турција набавувал лажни пари во апоени од 500 евра и 100 американски долари. Трето, четврто и шесто осомничените и останатите членови на групата – српски државјани за кои се води постапка во Р Србија, секој со своја улога пронаоѓале заинтересирани лица за купување на лажните банкноти и вршеле транспорт и дистрибуција на истите до крајните купувачи во Македонија, Србија и Косово. Петтоосомничениот имал задача и улога неовластено да изработува машини за правење лажни пари, гравирани плочи што имитирале сигурносни знаци на пари, како и специјални машини со индуктор и да ги одржува машините, пресите, плочите и другите работи што служат за правење на лажни пари.

– Со своите дејствија, во наведениот период, групата во десет наврати преку симулиран откуп на предмети – пари, направиле и пуштиле во оптек лажни пари како вистински во износ од најмалку 119.250 лажни евра, во апоени од 50, 100 и 200 евра во платниот промет на Р Србија за кои добиле противправна имотна корист од најмалку 38.850 евра. Со ваквото пуштање на лажните пари како вистински во платниот промет во РС Македонија, Р Србија и други држави дошло до нарушување на нормалното функционирање во стопанството. Притоа, првоосомничениот парите што за продажба на лажните банкноти ги примал во готово, дел на трансакциска сметка во банка и дел преку услугата брз трансфер на пари на негово име и на име на неговите сопруга и син, ги легализирал подигнувајќи кредити од банка или од финансиските друштва за брзи кредити. Дел од парите си ги исплаќал во вид на плата преку правно лице, дел ги вложил во недвижен и подвижен имот, а најголем дел ги префрлил на е-волет сметка за тргување со криптовалути. Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за шестемина осомничени.

Претходно на прес-конференцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека вчерашната операција „Вардар“ е активност на меѓународен истражен тим, во рамките на која ЈО со поддршка на МВР и други истражни органи во соработка со органите од соседна Србија, разоткрија мрежа за фалсификување пари во земјава. Во текот на постапката најдени се милион евра, фалсификувани, но и вистински пари. Извршени се претреси, постапка во овој момент се води против шест лица.

– Имајќи ја предвид важноста на меѓународната соработка, како што ќе видите денес за обвинителството е многу значајно тоа што Министерството за финансии на коешто изразуваме голема благодарност обезбеди средства за обвинителот за врски и очекувам многу скоро и Министерството за правда да ги предложи законските измени кои ни се навистина неопходни во однос на јавниот обвинител за врски во врска со седиштето Европравда во Хаг, рече Коцевски.

Шефот на ОЈОГОКК, Ислам Абази се задржа на формирањето на заедничкиот тим и при постапување на предметот во координација со координаторот за врски, во Европа, Ленче Ристовска оцениле дека има потреба да склучат заеднички истражен тим со Република Србија

– И со тамошното надлежно обвинителство за гонење на организиран криминал и со асистенција на јавната обвинителка и по овластување на јавното обвинител на РСМ, јас како основен јавен обвинител потпишав заеднички истражен тим со обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Република Србија, рече Абази.

Тој истакна дека постојано биле во комуникација со колегите од Србија, заеднички постапувале по предметот и вчера имале заеднички претреси, се договарале кога е најдобро да се спроведе реализацијата, конфискувани се пари во различни апоени и средства со кои се правеле фалсификуваните пари.

Предметниот обвинител, Дејан Петрески рече дека по добиената согласност од институциите постапува по предметот. Вчера во координација со полицијата бил извршен претрес на 18 локации, одземена е поголемо количество на фалсификувани пари, предмети, постапено е по 23 издадени наредби од Кривичниот суд. Акцијата се спроведувала и во Србија.

Јавниот обвинител за врски во Европравда, Ленче Ристовска кажа дека за овој случај имале заеднички тим со Србија, претходната година дена имало пет заеднички тима. Во однос на тема фалсификување на пари земјава имала заеднички истражен тим и со Косово. Таа нагласи дека заедничките тимови се една од алатките на меѓународно соработка, земјите назначуваат свои претставници кои во заеднички тим настан во којшто се инволвирани лица припадници на која било од државите и коишто припадници на одредени криминални групи и преземаат дејствија на територијата на повеќе држави.

– Во конкретниот случај тоа беше на територијата на Србија и територијата на Македонија. Во рамки на овој заеднички истражен тим одржани се неколку официјални координативни состаноци се одржуваа на територијата тука кај нас и во Србија. Имавме и голема поддршка од аспект на експертиза којашто ја добивме од Европол, а се разбира и преку Европравда добивме голем дел од техничката поддршка којашто ни беше потребна преку набавка на одредени услуги коишто ни се од значење за спроведување на истражните активности, рече обвинителката.

Таа појасни дека станува збор за повисоко ниво на соработка, во конкретниот случај, српските истражители биле присутни во земјава, заедничкиот истражен тим значително ја скратил постапката, доказите можат да се користат во сите судски постапки во земјите.

TAGGED:акцијавардарпритворфалсификатори
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
Следна статија „Мицубишито“ на таткото на Вања на денот кога е убиена тргнало кон Момин Поток

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Изгоре дуќанот на Тивес во Лептокарија

Пожар избувнал попладнево во дуќанот на Тивес во скопската населба Лептокарија. Пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат…

May 10, 2025
ХРОНИКА

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик…

January 5, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ. Несреќата…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Струмичанец осомничен за силување на малолетник

На 24.10.2024 во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица, кој…

October 25, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?