Куршуми повторно летаа во скопски Чаир, овојпат во паркот.
Од МВР го потврдуваат инцидентот и засега даваат информација за само едно повредено лице.
Денеска од ГОБ „Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула” во Скопје, информираат од МВР.
Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе се знаат повеќе детали