Македонскиот премиер Христијан Мицкоски го одложи патувањето за Подгорица, каде утре се одржува самитот на ЕПП. Мицкоски ќе побара одлагање и на самитот за Западен Балкан кој треба да се одржи среда и четврток, информираат од неговиот кабинет.
Од утрово премиерот е во Кочани каде во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа повеќе од 50 млади лица.