Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање.
Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.
На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.
Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.