Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска отпатува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија.
На Твитер доби пофалби за својата скромност и нормалност од шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз.
Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот🇲🇰 @MickoskiHM кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво! @TimcoMucunski @VladaMK @NMvesti @MIA_NEWS
— Rafael Soriano Ortiz (@RafaSorianoO) February 28, 2025