Тага, шок и неверување! Имаше само 32 години и светла иднина пред себе, а замина засекогаш во вечноста!
Македонската јавност не може да се соземе од веста за прераната смрт на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец.
Душко, кој беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, почина по тешка сообраќајна несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Со болка и емотивни зборови, од него, се збогуваат бројни јавни личности кои биле негови блиски луѓе.

Пораки со сочувство до семејството упатија Татјана Скулиќ Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Игор Стефановски – Иџе, Миа Костова, како и бројни политичари и истакнатни јавни личности.


– Со неверување и тага ја примив веста за заминувањето на Душко Чифлиганец… Голем човек, искрен пријател, хуманитарец и млад човек со големи соништа. Спомените на неговата добрина и насмевка ќе живеат вечно. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството, напиша ексминистерот Оливер Спасовски.
Душко Чифлиганец ќе биде запаметен како успешен млад претприемач, посветен на развојот на семејниот бизнис и промоцијата на македонската економија на меѓународно ниво. Неговата смрт претставува голема загуба за неговото семејство, пријателите и деловната заедница.
