strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати
ЕКОНОМИЈА

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

Објавено December 18, 2024 17:00
strana.mk
Сподели
Сподели

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис. На средбата се апострофираа неколку клучни точки кои се приоритети во соработката меѓу двете земји, а кои се однесуваат пред сè на продлабочување на соработката преку подобра инфраструктура и пофункционално вмрежување на компаниите од двете земји. Беше подвлечено и дека Солунското пристаниште е точка на спојување на бизнисите и Грција сноси огромна одговорност за негово нормално функционирање.

На состанокот со Масутис, освен за продлабочување на соработката меѓу Грција и Северна Македонија, претседателот Азески разговараше и за актуелните прашања од економското опкружување на земјите од Балканот вклучувајќи ги и перспективите на балканските земји за приклучување кон Европската Унија, како и прашањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е претседател и домаќин на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) за тековнава година. Во таа насока на почетокот од 2025 година во Скопје ќе се одржи работна средба на АБК на која ќе се разговара за развојот на инфраструктурата на Балканот во функција на развој на бизнисот, особено за железницата која е рак рана на транспортот како важна алатка во нашето работење. Во овој контекст претседателите на двете комори на средбата во Солун ги акцентираа главните прашања кои ќе бидат предмет на дискусија и на преземање конкретни чекори на состанокот на АБК кој ќе се одржи набргу во Скопје.

АБК-Асоцијацијата на балканските комори е здружение на 11-те стопански комори од Балканскиот Регион кое годинава одбележува 30 години од своето постоење. Целта на Асоцијацијата е создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот.

Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Северна Македонија се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија, Унијата на коморите и стоковите берзи на Турција и Стопанската комора на Косово.

  • Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција за периодот јануари-октомври 2024 година изнесува 1,15 милијарда САД $, со пад од 7,3% во однос на истиот период од 2023 година. Притоа за овој период, остварен е извоз во вредност од 251 милиони САД $, со пад од 10.4%, додека, пак, увозот изнесува 896,3 милиони САД $, со пад од 6,3% споредено со истиот период од 2023 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција за периодот јануари-октомври 2024 година остварен е трговски дефицит од 645 милиони САД $.
  • Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција пак за 2023 година изнесува 1,46 милијарди САД $, со пад од 17.7 % во однос на 2022 година. (најмногу поради падот на цените на енергенсите). Притоа за 2023 година остварен е извоз во вредност од 331,2 милиони САД $, со пад од 3,3 %, во споредба со 2022 година додека, пак, увозот изнесува 1,13 милијарди САД $, исто така, со пад од 21,1 % споредено со 2022 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција за 2023 година остварен е трговски дефицит од 797 милиони САД $.

Република Грција ѝ е трет трговски партнер на Република Северна Македонија за 2023 година а за 10 години заклучно со 2023 година вкупните инвестиции од Грција во Северна Македонија изнесуваат 445 милиони евра, што значи дека Грција е еден од нашите најголеми инвеститори и трговски партнери.

TAGGED:бранко азескигрцијајоанис масутисмакедонија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично
Следна статија ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците

Се продолжува со исплатата на заостанатите средства кон земјоделците. Исплатени се 70.417.380,00 денари кон 1.297 корисници за растително и сточарско…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Како Македонија котира во изборот за најмирни земји во светот

Годинава е 17-то издание на Глобалниот индекс за мир, кој рангира 163 независни држави и територии според нивното ниво на…

January 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?