Хоророт во Скопската Зоолошка градина продолжува. Погинаа две лами. Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува 3 години во нашата Зоолошка градина, вели Стефан Кирков, советник во Советот за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
-Според неофицијалните информации кои ги поседувам, ламите починале викендов, а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза! Како се терапирани овие животни и дали, кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата. Подолго време укажувам и апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој дo пред година дена беше аниматор за детски родендени, не го спорам неговото образование но за познавање и искуството се сомневам, а и по се што се случи и сите се сомневаме! До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време да конечно престане овој хорор??? Ги охрабрувам сите новинари, институции, друштва за заштита да се позанимаваат со ова кое ни се случува во Скопската Зоолошка градина, посочува тој.