Телото на исчезнатиот Штипјанец Славе Димитриевски (86), по кого се трагаше од 14 август 2024, е пронајдениот труп при ископ во Штип.
По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.
„Денеска (22.02.2025) во 09.46 часот во СВР Штип било пријавено дека при вршење ископ при извршување градежни работи во круг на јавно општинско претпријатие било пронајдено тело на починато машко лице.
По преземени мерки, извршен увид и извршено препознавање, било констатирано дека станува збор за С.Д.(86) од Штип, кој беше пријавен за исчезнат на 15.08.2024. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопштија од МВР.
Димитриевски беше едно од трите лица исчезнати во Штип минатото лето.
Телото на Драгица Ристевска (74) беше пронајдено три месеци по исчезнувањето, но причината за смртта останува непозната. По Драган Стојанов (40), исчезнат на 10 август, сè уште се трага.