На 19 април 2025 година, во 06:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк на подрачјето на Карпош е пронајден починат маж. Станува збор за Ф.Џ. (45) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Се преземаат понатамошни мерки за расветлување на случајот.