Просечната плата во Црна Гора во декември минатата година првпат во историјата ја надмина границата од илјада евра, достигнувајќи 1.012 или 198 евра повеќе во однос на истиот месец претходната година, што претставува раст за 24,3 проценти.
Ако се земе предвид дека потрошувачките цени лани се зголемија за 3,3 отсто во однос на 2023 година, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат раст од 7,1 отсто, според податоците на државната агенција Монстат.
За споредба, во Хрватска просечната плата е 1.322 евра, во Србија 824, во Босна и Херцеговина 708 и во Македонија 683. Во Словенија во ноември минатата година просечната плата беше 1.610 евра.