strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува
МАКЕДОНИЈА

Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува

Објавено April 19, 2025 09:06
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април. 

Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи. 

Семејствата на настраданите на последниот протест искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. 

За трагедијата се води опсежна истрага во која се вклучени 13 обвинители и според надлежните, извршени се голем број претреси, сослушани сведоци и собрани над илјада материјални докази.

Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица меѓу кои поранешни министри за економија, актуелни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни директори на Пазарниот инспекторат полициски службеници, актуелни и поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување….

Првично со истрагата беа опфатени 34 физички и три правни лица меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по несреќата, двајцата претходни градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и поранешните директори на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски и Анета Симеска.

Истрагата беше проширена со нови 19 лица меѓу кои тројца поранешни министри за економија, актуелниот и двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). 

Со истрагата се опфатени и полициски службеници, а државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски не ја исклучува можноста да бидат приведени уште лица до завршување на истрагата. 

Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски во телевизиско интервју изјави дека поранешните министри за економија издавале лиценци за работа на објектот без целосна документација. 

Сите лиценци, иако се издавани, немале потполна законска документација. Министрите издавале лиценци врз основа на непотполна документација. Од Дирекцијата за заштита и спасување немало елаборати и правилна документација на која би можел министерот да издаде лиценца. Тука се надоврзува градежништво, документи од локалната самоуправа и тн. Сите потребни документи за издавање на лиценца министерот требало да ги цени и да издаде лиценца. Од увидот во предметите за издавање на лиценца, јавните обвинители увидоа дека во сите предмети нема потполна и законита документација, рече Коцевски за телевизија Телма. 

Со истрагата не е опфатен актуелниот министер за економија бидејќи, според изјавите на Коцевски, немало ниту еден доказ дека сопственикот на клубот иницирал постапка за издавање нова лиценца. 

Во притвор останува поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, а неговите претходници Ваљон Сарачини и Беким Незири остануваат во домашен притвор. За амбасадорот Дритон Кучи, кој раководеше со ова Министерство, изречени се мерки на претпазливост. 

Во куќен притвор се поранешните градоначалници Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев. 

Вчера, Обвинителството соопшти дека се бара мерката куќен притвор за поранешните директори на Пазарниот инспекторат да биде заменета со мерки на претпазливост врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција. 

Мерки на претпазливост за првпат се изречени и за едно лице кое било на лекување, а за кое, дел од медиумите пренесоа дека е синот на сопственикот на дискотеката. 

Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години, а низа пропусти во Законот за угостителска дејност утврди и Државната комисија за спречување на корупцијата. Уписот во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, е само една од слабостите што ги нотира ДКСК. 

Во Министерството за економија, според изјавите на министерот Бесар Дурмиши, веќе се работи на измени на Законот за угостителска дејност при што се разгледуваат две опции – контролите да ги врши Пазарниот инспекторат или Комисија која ќе биде формирана од надлежни институции.

Со измените направени во 2008 година, се дозволи сопствениците на угостителски објекти под морална одговорност да потврдат дека ги исполнуваат мининалните технички услови за работа и тие податоци да ги доставуваат до Пазарниот инспекторат.  

На 16 април се наврши еден месец од трагедијата во Кочани.

TAGGED:кочаниПожарПротест
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Денеска е Велика Сабота – денот што ги спојува распнувањето и радоста
Следна статија Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir

Скопје, македонската престолнина, вечерва се наоѓа на осмото место на глобалната листа на градови со највисока загаденост на воздухот, со…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит…

July 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?