Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе и да им се приклучи на протестите.
Марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома, оти утре не дај боже ќе ви се случи и вас истото. Да не кукате и вие како што ние кукаме и да одите по гробиштата“, рече таткото.
Тој ги повика кочанчани да не стравуваат ако им се врши притисок оти мнозинството секогаш победува. Ги повика и членовите на општинските комитети од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да им се придружат.
„Страшен е овој живот што го живееме сега, ни отидоа дечињата. Прашајте нѐ како живееме“, рече таткото.
Родителите како и претходните саботи маршираа низ градот, со слики од децата во рацете. Побараа одговорност од МВР, како и средба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.