strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Протече изјавата дадена пред смртта на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Протече изјавата дадена пред смртта на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
БАЛКАН

Протече изјавата дадена пред смртта на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Објавено October 12, 2024 08:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Далибор Драгијевиќ, брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ на 26 март во Бањско Поље, по апсењето дал изјава во Полициското одделение во Бор, но не бил сослушан од обвинителство затоа што починал додека бил во полициски притвор.

Во обвинението за убиството на Данка Илиќ, до кое дојде српски Телеграф, стои и изјавата на Далибор Драгијевиќ од полицијата во која тој го обвини својот брат дека го убил детето.

Тој на 6 април бил сослушан и рекол дека брат му Дејан Драгијевиќ на 26 март бил на работа во Водовод каде работел прва смена од 7 до 15 часот, а тој ден дошол дома во 15 часот и 30 минути.

„Забележав промени во неговото однесување, беше вознемирен. Не ми ја кажа причината за тоа, а подоцна слушнав на телевизија дека исчезнало дете во Бањско Поле. Дејан со своето пежо 3072 сина боја дојде дома, а потоа видов бела вреќа во багажникот на неговиот автомобил, Го прашав што има во неа, а тој ми рече дека има дете.

Не се чувствував добро, го прашав што прави, какво дете, а тој ми рече дека детето го прегазиле со автомобил и го земале. Тогаш тука беше и нашиот татко Радослав Драгијевиќ, ја виде и вреќата во багажникот“, изјави Драгијевиќ.

Како што е наведено во изјавата, тој го прашал својот брат Дејан што ќе прави, а потоа се договориле заедно да ја однесат вреќата со детето во напуштена куќа на новиот Злотски пат, што потоа заминале со автомобил и ја оставиле вреќата на приземјето од таа куќа, само ја спуштиле на подот, а потоа се вратиле дома.

„Не се сеќавам кој ден беше, но знам дека беше пред да го уапсат брат ми Дејан. Брат ми ми кажа дека вреќата со телото на детето ја зел од куќата каде што ја оставивме и со својот автомобил ја пренел и ја закопал некаде кај Брестовачкиот мост“, заклучил Драгијевиќ.

Инаку, обвинението кое беше покренато за убиството на Данка Илиќ се уште не е потврдено, а постои можност судот да го врати на дополнување.

Драгијевиќ и Јанковиќ, работници на комуналното претпријатие, беа уапсени на 4 април, а таткото и братот на Дејан, Радослав и Далибор Драгијевиќ, беа уапсени два дена подоцна бидејќи помогнале да се сокрие телото на девојчето.

Еден ден подоцна, на 7 април, Далибор Драгијевиќ почина во полициската станица во Бор.

Двајцата осомничени прво го признале убиството, а подоцна ги смениле исказите и рекле дека полицијата го изнудила признанието од нив.

Телото на Данка Илиќ до денес не е пронајдено.

TAGGED:Данка Илиќубиство
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Видевски се врати во затворот, судењето за убиствата на Вања и Панче може да продолжи
Следна статија Тлото се тресеше, никој не верува дека е земјотрес, дали Иран го изврши првиот нуклеарен тест

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

БАЛКАН

Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград (ВИДЕО)

Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом…

January 20, 2025
БАЛКАН

Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска

Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре…

November 8, 2024
БАЛКАН

Кучињата му се викаат „Ракија“ и „Пиво“: Кој е Марк Брновиќ, новиот амбасадор на Америка во Србија

Марк Брновиќ, кој беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија, е американски адвокат и…

March 29, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција во историјата на човештвото

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека актуелните протести на студентите, кои речиси три месеци бараат одговорност за трагедијата на Железничката…

February 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?