Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да оствари контакт со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Oва денеска го изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, додавајќи дека Москва чека известување од Вашингтон дека и другата страна е подготвена на овој чекор.
На прашањето дали двајцата претседатели ќе го искористат првиот викенд од вториот претседателски мандат на Трамп за да го остварат првиот телефонски разговор пред евентуалната средба во живо, Песков рече
„Путин е подготвен. Чекаме сигнали од Вашингтон. Сите се подготвени. Тешко е да се прочита талогот од кафеto во оваа ситуација. Штом и доколку се случи нешто, ќе ве информираме“,рече портпаролот на Кремљ.
Во денешна изјава за руските медиуми, претседателот на Руската Федерација порача дека отсекогаш имал исклучиво деловен, но во исто време и прагматичен однос со актуелниот претседател на Соединетите Држави. Изрази подготвеност да се сретне со Трамп и мирно да разговара за сите области од заеднички интерес за Русија и САД, особено за енергетиката, економските прашања и стратегиската стабилност.
Рускиот претседател изрази подготвеност да разговара и за актуелниот руско-украински конфликт, додавајќи дека кризата во Украина можела да биде избегната доколку Трамп бил реизбран за претседател на САД во 2020 година.