Македонскиот некогашен лидер на челичните конструкции Факом со 65 годишна успешна работа, цела година на назад имаат проблеми со финансиското работење како што велат работниците имале нередовно исплаќање на платите со што се доведува во прашање егзистенцијата на нив. Тие од денеска го прекинаа работењето и стапија во генерален штрајк.
Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов потврди дека „Факом“ една година се мачи финансиски и покрај потпишани договори за наредните три години. Герасов вели да компанијата има работа и нарачки, ама работниците нема да се вратат на работа додека не им се исплати се што им доцни.
На штрајкот беа присутни и од сојузот на синдикати на Македонија, претседателот Слободан Трендафилов се сомнева дека оваа компанија може да ја снајде сценарио како во 90 – тите, периодот на транзиција.
Од компанијата до овој момент се немаат изјаснето за штрајкот и како ќе постапува. Според податоците на македонската берза компанијата лани изгубила 70 % од своите приходи, додека пак годината ја има завршено со загуба од 3,2 милиони евра.