Вработените во Амазон во 20 земји ќе протестираат или штрајкуваат на „црн петок“, на 29 ноември, за да се заложат за поголеми права на работниците и да бараат од Амазон да преземе мерки против ефектите од климатските промени.
Најголемите протести ќе се одржат помеѓу 29 ноември и таканаречениот Сајбер понеделник, 2 декември, кога се очекува голем интерес на клиентите поради бројните попусти, пишува „Гардијан“.
Протестите ќе се одржуваат петта година по ред, во поголемите градови низ САД, Германија, Велика Британија, Турција, Канада, Индија, Јапонија, Бразил и други земји, а негов координатор е организацијата Make Amazon Pay.
Организацијата бара Амазон да ги плаќа своите работници праведно и да го почитува нивното право да се приклучуваат на синдикатите, како и гигантот за е-трговија да го плаќа својот дел од даноците и да се обврзе да инвестира во одржливоста на животната средина.
Претставничката на британскиот синдикат GMD Аманда Гиринг смета дека Амазон во Велика Британија претставува „се што е скршено во тамошната економија“, односно несигурно вработување, плати на работ на сиромаштија и често небезбедни услови за работа, пренесува Танјуг.
Во Германија, илјадници членови на синдикатот Верди ќе штрајкуваат во магацините во Дортмунд, Лајпциг, Кобленц, Грабен, Верн, Бад Херсфелд и Рајнберг.
Во Франција, Здружението за оданочување на финансиски трансакции и граѓанска акција (ATTAC), кое ја промовира даночната правичност, ќе одржи протести во неколку градови.
Немилосрдното стремеж за профит на Амазон им штети на работниците, животната средина и демократијата, изјави генералниот секретар на Глобалниот сојуз на УНИ, Кристи Хофман.