strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Рама за Путин: Благодарение на него и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Рама за Путин: Благодарение на него и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ
БАЛКАН

Рама за Путин: Благодарение на него и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ

Објавено October 15, 2024 10:51
strana.mk
Сподели
Сподели

Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.

– Албанија конечно седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на Европската Унија, нагласи Рама.

Тој додаде дека од првиот ден откако го „напушти пеколот на најизолирана комунистичка земја во Европа – Северна Кореја во срцето на Европа“, Албанија е посветена на членството во ЕУ.

– И покрај различните расположенија и различните нивоа на посветеност или на скептицизам кон проширувањето, ние никогаш не се поколебавме затоа што за нас Европската Унија и Европа се единственото место каде што треба да бидеме и единственото место за живот на нашите идни генерации. Така што, овој момент е посебен, истакна Рама.

Тој рече и дека мора „да му се заблагодари“ на рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што истакна, со својата безмилосна агресија „ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја согледаат реалноста“ дека Западниот Балкан е потребен за обезбедување на силна констелација на Европската унија.

– Така сега сме на иста страна, ќе го извлечеме најдоброто од тоа и ќе се движиме брзо за да се увериме дека овој голем прозорец на можности нема да се затвори без ние да станеме дел од Европската Унија, додаде Рама.

Албанскиот премиер истакна дека за членство во ЕУ не е доволно само да се подигне европскиот дух, туку треба да се работи на промена на реалноста во земјата, со цел да се обезбеди дека се ќе функционира согласно Уставот.

– Тоа домашна задача претставува планина што треба да се премине и веќе планинариме со многу јасни идеи и многу силна волја да го оствариме тоа што треба да се оствари, додаде Рама.

Кластерот „Основни вредности“ опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери. Преговорите по овој кластер се отвораат први, а се затвораат последни.

Тој вклучува три критериуми – функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економски критериуми и пет поглавја – Судство и основните права, Правдата, слобода и безбедност, Јавните набавки и Статистика и финансиска контрола.

Албанија е прва меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги води пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување на Унијата усвоена во 2020 година. Согласно оваа методологија, преговарачките поглавја се поделени во шест тематски кластери: „Основни вредности“,  „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси“, „Земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи.

TAGGED:еди рамаЕУ
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Прага ги забрани ноќните туристички обиколки во баровите: „Не ги сакаме тие што доаѓаат да се опијанат“
Следна статија Проверете дали сте на списокот: најпаметните хороскопски знаци

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

БАЛКАН

Вучиќ се сретна со синот на Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Доналд Трамп Јуниор, син на актуелниот американски претседател. Срдечен разговор со синот на…

March 11, 2025
БАЛКАННАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Немири по протестите во Белград: Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца…

June 29, 2025
СВЕТ

НОВ РЕКОРД: Во ЕУ живеат 450,4 милиони луѓе, еден милион повеќе од минатата година

Европската Унија моментално има 450,4 милиони жители, 1.070.702 повеќе од претходната година, што претставува четврта година по ред во која…

July 13, 2025
БАЛКАН

Кој беше Јошка Броз, внукот на Тито

Јошка Броз, внук на Јосип Броз Тито и член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, почина на 78-годишна…

June 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?