Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа. Тие нема да бидат дел од тимот, но неколку дена подоцна можат да дојдат и да се подготвуваат за стартот на сезоната.
Во клубот сметаат дека најдобро е за играчите да најдат нова средина, сепак ќе можат да ги користат тренинг центарот, како и медицински и рехабилтациски услуги додека тренираат.
Дел од играчите изминатава сезона беа позајемни. Маркус Рашфорд во Астон Вила, а за него има интерес од Барселона и Баерн. Каде ќе замине не се знае, но сигурно е дека ќе ја загуби „10“ во Манчестер Јунајтед не зависно дали ќе остане. Новото засилување на клубот Матеус Куња ќе игра со тој број.
За Гарначо можно е заминување во Наполи, неизвесна е ситуацијата со Санчо и Маласиа, додека Бетис го посакува Антони каде имаше успешна сезона.