strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ревизија ги објави сите неправилности во Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ревизија ги објави сите неправилности во Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми
МАКЕДОНИЈА

Ревизија ги објави сите неправилности во Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми

Објавено December 9, 2024 18:39
strana.mk
Сподели
Сподели

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на
усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, во соопштението од ДЗР се наведува дека со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, во вкупен износ од 408.123 илјади денари и вклучува 686.318 примероци. Поради непостоење на план за дистрибуција на отпечатените и не дистрибуираните книги, се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина, дополнително усложнет од недостигот на интерес од државните институции за преземање на книгите поради исполнетост на нивните капацитети. Исто така, не е извршен попис за утврдување на фактичката состојба, како во однос на бројот на книги, така и за условите во кои тие се чуваат, што може да доведе до оштетување на истите.

Во однос на остварувањето на приоритетите за развој и унапредување на културата, констатирано е дека последната усвоена Национална стратегија за развој на културата од Собранието го покрива периодот 2018-2022 година, оставајќи ги активностите за 2023 година, предмет на актуелната ревизија, без јасни насоки. Министерството нема донесено годишен план ниту за претходниот период, ниту за 2023 година, што е нотирано и во претходните ревизорски извештаи.

Недостигот на долгорочна стратегија за развој на културата доведува до општи поставени приоритети и создава предизвици во планирањето на културните активности. Во декември 2023 година Владата усвои нова Национална стратегија за културата за периодот 2023-2028 година, но истата не е усвоена од Собранието, се наведува во извештајот.

Со ревизијата констатирани биле недостатоци во распределбата на средствата за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно Законот за култура. Констатирано е дека не постојат јасни квалификации за членови на комисиите, приоритетите во конкурсите често се општи и не се темелат на долгорочни политики, а критериумите за оценка на проектите не се строго дефинирани, што создава простор за субјективизам, некомпетентно именување на членови и неправилно категоризирање на проектите. Овие недостатоци доведуваат до недоволно квалитетна распределба на средства, а комисиите бодуваат проекти без конкретни насоки и без мерила за негативно бодување на неуспешни автори.

Во 2023 година, Министерството за култура исплатило вкупно 318.152 илјади денари за одобрени проекти на други корисници, што ја нагласува итната потреба за јасни правила и критериуми во распределбата на средствата. И покрај приоритетот за реформи во оваа област, предлогот за нов закон, кој би можел да го подобри системот, сè уште не е усвоен, се наведува во соопштението во кое е даден и подетален табеларен преглед по секоја дејност од областа на културата на други корисници поединечно.

Во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, Министерството за култура поддржало 74 од 185 апликации за интердисциплинарни проекти, што претставува 40% од предлозите, со вкупна исплата од 22.185
илјади денари. И покрај тоа што интердисциплинарната дејност не е формално дефинирана во Законот за култура, Министерството продолжува да финансира проекти надвор од утврдените категории, што не е во согласност со Законот за културата. Поради финансиски договори кои дозволуваат финансирање на повеќе од два проекти од едно правно лице, како и недостигот на целосна документација и евалуација за измените на договорите, се загрозува транспарентноста и правичноста во распределбата на средствата. Овие недостатоци отвораат простор за неправилности и фаворизирање на одредени проекти во интердисциплинарните активности.

Во ревизроскиоит извештај се нотира дека се утврдени слабости и во распределбата на средствата за проекти од национален интерес, особено во меѓународната културна соработка, кои укажуваат на недостаток на транспарентност. Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти, што го нарушува почитувањето на утврдените услови.

Осум проекти добиле вкупно 5.407 илјади денари без објективни причини за недоставување на апликации.

Иако, Министерството има усвоено Упатство за финансирање, се посочува, тоа не нуди доволно прецизни насоки, што создава неповолна ситуација за другите учесници во конкурсите. Потребно е преземање на активности за утврдување на јасни критериуми за финансирање кои ќе обезбедат правичен третман на сите апликанти.

Во 2023 година, Министерството доделило 37.392 илјади денари како капитални дотации на девет општини за изградба на културни објекти, при што исплатата на средствата се врши по добиено барање со прилог документација. Сепак, се наведува, за Општина Липково, Владата донела одлука за доделување дополнителни 30.000 илјади денари за проектот “Дом на култура” во с. Матејче, но исплатата била извршена без потребата за доставување на документација, што, посочуваат, не е во согласност со условите поставени за останатите општини. Овој проект, кој започнал во 2014 година, добил претходно 25.000 илјади денари од Министерството, но утврдените средства не се соодветни за планираните активности, што создава ризик од несоодветно користење. Овие активности, се констатира, не се во согласност со Законот за извршување на буџетот за 2023 година и Законот за сметководство, кои налагаат наменска и рационална употреба на буџетските средства.

Со ревизијата, констатирани се слабости и во евидентирањето на средствата и проектната документација за капитални објекти во периодот од 2012 до 2023 година. Покрај тоа, констатирано е дека единицата за внатрешна ревизија не е формирана, односно отсуствува разумно уверување за функционирањето на финансиското управување и контроли (ФУК). Дополнително, утврдени се исплати на надоместоци без законска основа, како и пропусти во две јавни набавки во вкупен износ од 18.455.000 денари. Овие пропусти можат негативно да влијаат
на конкуренцијата и да го нарушат принципот на еднаквиот третман на економските оператори, се заклучува во конечните ревизорски извештаи на Министерството за култура, објавени од ДЗР.

TAGGED:Министерство за култура
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Шест нови обвиненија за Диди
Следна статија Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

МВР: Не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува, како што и доликува!

Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Жена предизвикала пожар додека готвела

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат…

March 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?