Американскиот сенатор Кори Букер го собори рекордот за најдолг говор одржан во Сенатот, објавија медиуми.
Маратонското обраќање на демократот од Њу Џерси, беше имболичен протест против претседателот Доналд Трамп, во кој тој предупреди на „тежок и итен“ момент во американската историја, заврши по 25 часа и четири минути.
Говорот започна во понеделникот во 19 часот по локално време, со цел, како што рече, „да предупреди на длабока политичка и социјална криза со нарушување на нормалната работа на Сенатот“.
„За само 71 ден, претседателот на Соединетите Држави направи толку голема штета на безбедноста на Американците: на финансиската стабилност; на основните темели на нашата демократија“, рече Букер. „Ова не се нормални времиња во Америка. И не треба така да се третираат во Сенатот на САД“, рече Букер.
Во својот говор, тој ги осуди плановите за можни намалувања на предлозите за Medicaid, имиграцијата, социјалното осигурување и владините реформи кои произлегуваат од соработката меѓу администрацијата на Трамп и Илон Маск.
За време на говорот, Букер не смееше да седне, да се одмори или да оди во тоалет – во спротивно би го изгубил правото да зборува.
Единствен одмор даваат неговите колеги од Демократската партија кои му поставуваат прашања, со што технички ја продолжува расправата.
Иако тоа не беше филибастер – говор дизајниран да попречи усвојување на нацрт-закон – тој успеа да ја „блокира“ работата на Сенатот контролиран од републиканците.
Претходниот рекорд го држеше републиканскиот сенатор Стром Турмонд, кој зборуваше 24 часа и 18 минути против Законот за граѓански права во 1957 година.