strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие
БИЗНИС

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

Објавено August 1, 2025 19:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Првото полугодие од 2025 година Реплек АД го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22%, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90% во однос на истиот период од минатата година.

Фармацијата останува стратешки најважниот сегмент за Реплек, и во него приходите од продажба достигнаа 16,4 милиони евра. На домашниот пазар Реплек оствари приходи од продажба во износ од 3,9 милиони евра, што е значителен пораст од 34% во споредба со истиот период минатата година, а на странските пазари реализираните приходи од продажба се 12,5 милиони евра, што е зголемување од 18%.

„Овие извонредни финансиски резултати се уште една потврда за ефикасноста на нашата развојна стратегија и за посветеноста на нашиот тим, но и дополнителен мотив да продолжиме да создаваме вредност за вработените, потрошувачите и инвеститорите. Горди сме на високиот раст во првото полугодие и остануваме силно посветени на иновациите и на проширувањето на нашето производно портфолио. Остануваме фокусирани на инвестиции во модернизација и градење на цврсти односи со нашите партнери, што е најава за уште една успешна година за компанијата“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.

Во јуни годинава Реплек АД, во согласност со едногласно усвоената одлука на Годишното собрание на акционери, исплати дивиденда во бруто износ од 400 денари по акција, што е раст од 33% во однос на исплатената дивиденда за 2023 година.

Во првата половина од 2025 година, компанијата реализираше стратешки инвестиции во основни средства во износ од вкупно 3,3 милиони евра, насочени кон зајакнување на производствените и логистичките капацитети. Реплек пушти во употреба нов, модерен производствен блок, опремен со високо технолошка линија за блистирање, пакување и серијализација, надополнет со нова опрема за суво мешање. Проектот почна во 2024 година, а неговата вкупна вредност изнесува два милиони евра. Со оваа инвестиција се овозможува зголемување на вкупниот капацитет за примарно и секундарно пакување за 25 отсто, а двојно се зголемува и капацитетот на процесот за суво мешање. Реплек е во завршна фаза и на имплементацијата на SAP ERP системот, кој ќе овозможи повисоко ниво на автоматизација, подобро управување со ресурсите и транспарентност во работењето.

До крајот на годината планирани се вложувања во развојни проекти во висина од 10 милиони евра. Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на Реплек за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.

TAGGED:приходиПродажбареплекфармација
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото
Следна статија Мухамед повторно е најпопуларното име за бебиња родени во Англија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

БИЗНИС

Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година

Над 5 милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година. Извозниот…

January 29, 2025
БИЗНИС

Уште еден моден бренд затвора продавници

Модната куќа Gerry Weber, која со години е во финансиски тешкотии, донесе конечна одлука - ги затвора сите свои малопродажни…

June 1, 2025
БИЗНИС

Huawei повторно лидер, Apple бележи раст

Huawei ја зазеде водечката позиција на кинескиот пазар на паметни телефони. Huawei ја презеде водечката позиција на кинескиот пазар на…

August 4, 2025
БИЗНИС

Биткоинот скокна на 90.000 долари за прв пат во историјата: Се зголеми и вредноста на другите криптовалути

Биткоинот, според последниот податок на Coin Metrics, достигна вредност од 89,995 долари. Вредноста на Етерот се зголеми за 5,8%,Токенот за…

November 12, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?