Алармантни бројки за вработените кои не зеле плата за сработеното, објави Управата за јавни приходи. Без јануарска плата останале речиси 83 илјади работници, покажуваат податоците на Управата кои ги побара Сител.
Обврска да ја исплатат во законскиот рок – до 14 ти февруари имале над 70 илјади фирми, за 551,264 вработени. Но скоро 20 отсто од работниците останале и без плата и без пензиско и здравствено осигуривање. УЈП веќе им прати опомена, а по истекот на рокот ќе следува присилна наплата,. За бизнис конферерацијата, бројките се фрапантни. Покажуваат дека состојбата во економиајата не е стабилна, а најавата за зголемување на минималецот за повеќе од законското, може да предизвика и бран отпуштања на работниците, но и пораст на сивата економија
– Или ќе следи бран отпуштања,поради повисоките трошоци за работниците, или голем дел ќе се дерегистрираат. Најголем дел од самостојните вршители на дејност се пријавени на минималец, и сега со најавата за зголемување, ќе предизвика дел од нив да се одјават и да работат на црно,.изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.
Бројките за неисплатени плати во истиот период лани веа околу 25 илјади работници.. Сега со бројка над 80 илјади треба да се вклучи алармот дека нешто не е како што треба, велат од Бизнис конфедерацијата.
– Овие бројки за толкав раст на вработени кое не зеле плаат се алармантни.Тоа покажува дека политиките за раст на платите не се како што треба.Барањето за плус 5,000 денари повоисок минималец нето или најмалку 8,000 денари бруто е бројка која навистина ќе предизвика бран отпуштања и бројка која не може да ја издржи бизнисот, додава Бошков.
Извор: Сител