strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ристески: Се финализира просечна потрошувачка кошничка, нема да биде за политиканство
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Се финализира просечна потрошувачка кошничка, нема да биде за политиканство
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Се финализира просечна потрошувачка кошничка, нема да биде за политиканство

Објавено April 9, 2025 23:11
strana.mk
Сподели
Сподели

Просечна потрошувачка кошничка е готова, се финализираат уште некои работи. Во неа сигурно нема да има цигари и алкохол и сезонско овошје кое не е карактеристично за периодот од годината, ќе биде квалитетно направена со квалитети податоци, рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески вечерва во гостување на Топ тема на ТВ Телма.

Според Ристески, кошницата нема да биде за политиканство, туку за понатамошните политики за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Во нејзината изработка беа вклучени министерствата за економија и труд, за земјоделство, за финансии, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренција со цел да добиеме поквалитетна просечна синдикална кошничка. Просечната синдикална кошница нема да биде ниту за политика и политикантсво, ниту за јавното мнение кај граѓаните односно како да кажам одредени грешни параметри кои би се кажувале во јавноста, но нам ни треба како Министерство за економија и труд за понатамошните политики кои би ги правеле во однос на заштита на животниот стандард на граѓаните. Не ја пресметуваме за четиричлено македонско просечно семејство, според Државниот завод за статистика е 3.06 или 3.08, тричлено семејство и земени се податоци за основни прехранбени земјоделски производи и се што е потребно и вклучено во одржување на животноот стандард на граѓаните и реално пресметување на тие реални потреби кои произлегуават во секојдневното живеење, рече Ристески.

Тој информираше дека во формулата за кошницата земени се модалитетите од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат од повеќе маркети во државава со највисоки, средни и најниски цени, а ќе бидат земени цени и од зелените пазари и локални маркети во регионите. Наспроти тоа, според него, синдикатите ја пресметувале минималната синдикална кошница само од цени на еден маркет, а последната кошничка не ја објавиле „не како што образложиле поради актуелната ситуација со трагедијата во Кочани, туку поради многу подруги причини“.

Од она што го имаме како информација, неформална, сигурно е над 1000 денари намалувањето, можеби и повеќе 1500, 1600 денари. Не можам да кажам, 1500, 1600 денари за некој е многу, за некој малку, но ние не се базираме на нивната синдикална кошница. Тие и понатака нека си ја прават, не е релевантен фактор таа, тие се синдикално движење, нивната цел е да прикажуваат повисока кошница со цел да ја оправдаат борбата и политиката. Тоа е легитимно право, нашата ќе биде реална, рече Ристески.

Тој оцени и дека има ефект од антикризните мерки што завршуваат на крајот на месецов и истакна дека е намалена инфлацијата, направени се законски измени во делот на прекршочната постапка со кои Државниот пазарен инспекторат изрекол 500 до 600 казни. Посочи и дека се применува Законот за забрана на нефер трговски практики.

Во однос на исходот од денешната средба со синдикатите, најави дека најдоцна за една недела ќе биде утврдена синдикалната репрезентативност, ќе почне да работи Економско-социјалниот совет и ќе има ревидирање на членови на Општиот колективен договор (ОКД) за јавниот сектор.

Ние сакаме да направиме еден општ консензус со синдикатите и тие рекоа дајте ни време да размислиме, па така, овие денови очекуваме дали ќе има ревидирање во одредени членови за разлика од она општо размислување дека со потпишувањето на општ колективен договор би се средиле одредени плати, пред се, во јавната администрација, рече Ристески.

Со ревидирање на ОКД и со Законот за плати во јавна администрација што се подготвува, појасни дека треба да се добијат квалитетни и конкретни решенија за нивелирање на платите за да не се прави неправда кон вработени во јавната администрација и исплата на помали плати за 30 проценти.

TAGGED:марјан ристески
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ѓоковиќ по дебаклот: Им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова!
Следна статија (Видео) Атомски фудбал во Барселона и Париз – Барса и ПСЖ зачекорија во полуфиналето

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола…

January 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За максимум четири години ќе бидат завршени сите делници што ги гради „Бехтел и Енка “

Откочени се одредени процеси со „Бехтел и Енка“ и во наредните максимум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите…

November 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?