Ричард Тенг, извршниот директор на Бајнанс (Binance), лидерот во крипто индустријата, ја коментираше веста за падот на цената на криптовалутите под 95.000 долари. Како што наведе тој на платформата X, разбирливо е дека во моменти на нестабилност да се појави паника.
Тој додаде дека ова не е прв пат да се случуваат вакви падови и сигурно нема да биде последен.
Во контекст на тоа, Тенг сподели важни совети за учесниците во крипто пазарот, односно што е клучно да се прави во вакви ситуации:
Ќе помине! – Падот на пазарот е привремен, вели Тенг и, исто како и традиционалните пазари и крипто пазарот си имаат свои циклуси на раст и пад. Иако сегашниот пад може да изгледа вознемирувачки, тој верува дека крипто пазарот се движи во позитивна насока и се очекува раст.
Искористете ги помирните периоди за учење и развој! — Тенг советува дека за време на помирните периоди, фокусот треба да биде на развој на производи, усовршување на техничките вештини, истражување на нови проекти и поврзување со заедниците. Ова е совршено време за поставување цврста основа за идни можности.
Непредвидливоста ќе се намалува со созревањето на пазарот! — Според Ричард Тенг, до намалување на непредвидливоста на крипто пазарот ќе дојде со негово созревање, односно помалите пазарни капитализации се поизложени на поголеми промени во цената, па нивното растење носи стабилизација. Како што дигиталните средства добиваат поголема применливост, непредвидливоста ќе стане помала грижа.