Дел од родителите на настраданите во трагичниот настан во Кочани сведочат дека во изминатиот период преку социјалните мрежи им пристигнуваат пораки со заканувачка и недолична содржина, од кои некои веќе беа и јавно објавени.
Со ситуацијата е запознаена и полицијата, која преку својот Оддел за компјутерски криминал започна постапка откако доби информации од јавноста. Надлежните интензивно работат на идентификување на лицето кое ги испраќа овие пораки, како и на утврдување на веродостојноста на дојавите.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат сите родители или лица што добиле вакви пораки да поднесат пријава и официјално преку утврдената електронска адреса, со цел поефикасна истрага и заштита.