strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Росица Кулакова: Правда за Фросина, коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Росица Кулакова: Правда за Фросина, коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Росица Кулакова: Правда за Фросина, коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем

Објавено February 8, 2025 15:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем бидејќи тој има неприкосновена обврска да покаже и докаже дека злоделата мора да бидат соодветно казнети, бидејки законодавецот предвидел многу повисоки казни од оние што судот во пракса ги досудува. Тогаш секој од нас ќе знае и размислува за последиците пред постапките.

Ова денеска во Неготино, го изјави Росица Кулакова на протестот организиран за нејзината сестра 22 – годишната неготинка, Фросина, која загина на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Таа се заблагодари на сите кои дојдоа да изразат протест против неказнивоста на ваквите дела и, како што рече, корумпираноста во судството.

Доколку судијката му го продолжила притворот се до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само ќе беше спроведен во затвор – мојата сестра Фросина денес ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судиката Даниела Алексовска Стојановска, побара сестрата за 20-годишниот Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајката во која загина Фросина.

Во името на другарките на Фросина, се обрати Катерина Недева која посочи дека протестот е израз на нивната болка и бес за загубата на еден млад живот против насилството во сообраќајот. Според неа, колективниот аларм треба да ги насочи сите фактори во активна мисла за создавање безбедни и сигурни улици, почитувани правила од свесни учесници во сообраќајот, оти, вели, со секоја несреќа, со секој одземен живот умира дел од човечноста на заедницата.

– Ова мора да престане! Изнајдете начин вие што ја имате моќта на одлучувањето во свои раце – во законските рамки, во воспитната превенција, во правичното и неселективно судство. Секој чекор од овој протесен марш е порака до вас. Почнете. Со објективна проценка , со праведна и строга казна и продолжете со едукација за подигање на свеста и совеста на секој еден учесник во сообраќајот. За да ја поттикнеме одговорноста кај возачот, мора да ја казниме неодговорноста на возачот без сообраќајна дозвола, нагласи Недева.

Таа потенцира дека чистата совест и правилното однесување може да спречат многу сообраќајни трагедии.

– Секој чекор од овој протесен марш е поддршка на семејствата што изгубиле дел од својата душа и што мора да продолжат да чекорат со товарот на загубата. Од моментот кога една човечка судбина добила име, општеството станува должник на семејството. А нему единствена утеха може да му биде, правда за неговото дете, истакна Недева.

Ние не сме овде, порача таа, за да бидеме бројка, туку само обични ранливи луѓе кои лесно можат да станат жртва на некој алкохолизиран возач без возачка дозвола.

-Ние не сме статисти! Ние сме глас на болката, глас на бесот, глас на стравот, глас на општеството со црвена дамка. Погледнете во нас и разберете го родителот кој е клекнат на колена. Погледнете во нас и видете го маршот на вознемирените луѓе кои знаат дека нивниот страв е почеток на храброста да се борат против смртоносните траги на асфалтот. Должината на овој марш се мери со големината на нашата заедничка одговорност, затоа судете праведно, казнувајте строго, воспитувајте посветено. И секако, бараме правда за Фросина, апелираше Недева.

На протестот, барајќи правда, дојдоа и блиски на претходно загинатите Михаела Стеваноска, Слободан Ангеловски, Ивица Цековски, Мите Танов и други, посакувајќи ова низ шттие минуваат, никому да не му се случи. Но, побараа и ревизија на сите сомнителни судски случаи.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари, годинава беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој, според обвинителството, возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. На Јованов му е одреден притвор од 30 дена.

TAGGED:НеготиноПротестФросина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Протестен марш во Неготино – го предводат другарките на Фросина
Следна статија Трамп: Нема да го депортирам принцот Хари, има доволно проблеми со сопругата, таа е ужасна

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с аналитическими инструментами

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с…

March 1, 2026

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги…

February 28, 2026

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон,…

February 28, 2026

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски…

February 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

До 30.000 евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното. ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети. Досега…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од септември за прв пат образовни асистенти ќе има и во основните и во средните училишта

Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот

Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите…

October 21, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?