Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро и дека Вашингтон се обидува да утврди дали се исплати да продолжи да дејствува како посредник во тој процес.
„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овие настојувања ако тие нема да вродат со плод“, кажа Рубио за Ен-би-си.
„Минатата недела навистина се бавев со тоа колку тие страни се сушност блиску и дали се доволно блиску за тоа да може да го оправда континуираното вложување на нашето време како посредник во тој процес“, додаде шефот на американската дипломатија.
Рубио не кажа колку долго владата на американскиот претседател Доналд Трамп е спремна да чека на постигнување напредок.
Трамп вчера кажа дека рускиот претседател Владимир Путин „може не сака да ја прекине војната“ во Украина и дека можеби „само го влече“, заканувајќи ѝ се на Москва со јакнење на санкциите.
Тој тоа го напиша на социјалната мрежа Трут соушал по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан на маргините на погребот на папата Франциско.
Москва, пак, вчера објави дека Путин на состанокот со американскиот претставник Стив Виткоф во петокот кажал дека е спремен да преговара за исход на конфликтот во Украина „без какви било предуслови“.