Американскиот претседател Џозеф Бајден и нареди на американската војска да помогне во одбраната на Израел од иранските напади и соборувањето ракети насочени кон Израел, објави Белата куќа.
Бајден и потпретседателката Камала Харис го следат иранскиот напад врз Израел од просторијата за ситуации во Белата куќа и редовно добиваат ажурирања од нивниот тим за национална безбедност, додаде Белата куќа, објави Ројтерс.
„Њујорк пост“ објави дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека САД го поддржуваат „правото на Израел да се брани себеси“ со копнената инвазија на Либан, истовремено ветувајќи „тешки последици“ за Иран поради нападот на еврејската држава.
„Јасно кажав дека Соединетите Американски Држави го поддржуваат правото на Израел да се брани“, објави Остин на својот профил X.