strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

Објавено April 4, 2025 08:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Соединетите Американски Држави воведоа 33 отсто царина за македонските производи, а Владата смирува и порачува дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор, како што велат, за нешто долго најавувано од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД. Дел од експертите, пак, велат дека воведувањето на царината ќе има мал индиректен ефект. 

-Станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави. Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму, посочија од Владата по вчерашната објава на американскиот претседател Трамп за воведување царини за речиси цел свет, меѓу кои и 33 отсто за македонскиот извоз. 

Владата на Република Македонија на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка

Нагласија дека веќе се воспоставени контактите со американската администрација и дека ќе продолжат на високо ниво, а Владата, како што посочија, ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот. Воведувањето царини го оценија како обид за репреговарање на трговските односи во светот, нешто, како што велат, што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Според дел од експертите, пак, воведувањето на високата царинска тарифа на САД кон нашата земја ќе има индиректен ефект пред се врз автомобилската и петрохемиската индустрија во земјава. Тие се согласни дека земјава учествува со многу мал процент во увозот на САД, но дека глобалната економија влегува во една голема неизвесност што секако ќе се одрази и кај нас во делот на приливот на странски инвестиции. Велат дека државата треба да ги бара решенијата преку стратешки дијалог со САД за да се иницира преиспитување на царинската стапка и да се побара подобар третман.

Според универзитетскиот професор Трајко Славевски, станува збор за мал директен ефект што земјава би го имала затоа што учествуваме со многу мал процент во увозот на САД, речиси незначителен, а од друга страна САД се на 24 место на листата на наши трговски партнери. Нашите стратешки партнери како што е Германија, смета професорот Славевски, се повеќе погодени, а тоа секако ќе се одрази и врз нашата економија. 

-За глобалната економија е многу битно што влегуваме во една голема неизвесност, а неизвесноста на некој начин е убиствена за бизнисот затоа што не можат да планираат за шест месеци, една година…. туку планираат години однапред. Тоа може да се одрази на приливот на странски инвестиции, положбата на странските инвеститори кај нас, дијаспората итн. Имено, влегуваме во фаза во којашто конечно се става крај на глобализацијата од економска гледна точка, смета професорот Славевски.

Извршната директорка на ЕОС Матрикс и претседателка на Европската бизнис асоцијација, Катерина Бошковски вели дека воведувањето на царините од страна на американската администрација ќе има значителен импакт особено кон земјите членки на ЕУ, а кај нас ефектите ќе бидат малку пролонгирани.

Што се однесува до нашата економија, ефектите ќе бидат малце пролонгирани. Очекувам да бидат во подоцнежниот период. Но, ние мора да ги истакнеме нашите предности како економија и тука да работиме на внатрешно реорганизирање, особено во доменот на даночната и фискалната политика, подвлекува Бошковска.

Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на „Macedonia2025“, смета дека воведените царини може да доведат до намалување на идните можни инвестиции од нашата дијаспора во САД. 

-Споменав дека извозот не е толку голем – 110 милиони евра. Меѓутоа, секако ќе влијае врз одредени компании. Не очекувам дека тоа во моментов би го намалило доаѓањето на странските инвеститори, но, би рекла дека поголем е индиректниот ефект, односно ефектот што нашите компании го имаат преку извоз на одредени производи кон ЕУ, а потоа од ЕУ кон Америка. Исто така мислам дека ќе доведе до намалување на идни можни инвестиции од САД, особено зборам за нашата дијаспора од САД, којашто се почесто почна да отвора свои компании во Македонија, коишто примарно се со цел извоз во САД, вели Мојсовска Блажевска.

Начинот на кој е (ре)дизајнирана вчера презентираната Уредба за користење на мерката за финансиска поддршка на компаниите отвора простор за нејзина компромитација, во насока на максимизирање 

Анализата на „Finance Think“ покажува дека директните ефекти од воведените царини од САД ќе бидат многу мали, а ефектите ќе бидат индиректни и негативни, но нема да се почувствуваат веднаш,.  

-Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, извозот во САД како удел во вкупниот извоз изнесуваше 1,4 проценти, што е многу мал удел. Од таа гледна точка, директните ефекти од зголемените царини ќе бидат многу мали, оценува „Finance Think“.

Сметаат дека притисок од американските царини ќе почувствуваат пред се странските компании кои работат во земјава затоа што скоро 90 проценти од извозот кон САД во 2024 година бил концентриран во 20-тина производи, при што освен автобусите кои имаат доминантно учество, уште неколку производи се врзуваат со работата на странските фабрики во ТИРЗ-овите.

Најзначајните последици, според „Finance Think“,  ќе се почувствуваат во автомобилската индустрија, особено за електричните возила (EVs), што е исто така значајно за земји како нашата кои се вклучени во автомобилските синџири на снабдување. 

TAGGED:ВладаСадцарини
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Маск објави фотографија од високо чуваното седиште на ЦИА, предизвикувајќи лавина коментари
Следна статија Почина Александар Карадаковски, управителот на дискотеката Пулс во Кочани

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?

Комисијата за жалби по јавни набавки ги одби сите приговори на трите оператори конкуренти кои учествувале на огласот за технолошко…

July 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Крис Павловски објави дека НВО и УСАИД ја киднапирале Македонија, го „тагна“ Илон Маск

Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Бонџино објави репортажа за тоа како УСАИД и Сорос ја финансираа мигрантската криза и Шарената револуција во Македонија

Еден од водечките американски политички коментатори, Ден Бонџино, на својата интернет страница објави текст за злоупотребите на програмите на УСАИД за…

February 18, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?