Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја разгледува можноста на Израел да му достави противракетен систем ТХААД.
Според американски неименувани извори сè уште не е донесена конечна одлука, но разговорите се во тек.
САД имаат широк опсег на системи за ракетна одбрана распоредени во Блиски Исток и Европа, вклучувајќи ги и системите Патриот.
Официјалните лица со месеци дебатираа какви типови системи за противвоздушна одбрана да распоредат во регионот и каде. Распоредувањето на ТХААД би вклучило и распоредување војници, кои знаат како да управуваат со сложениот систем.