СДСМ се јави околу реакциите за изјавата на еврокомесарката Марта Кос, оценувајќи дека според нив таа немала лоша намера, но апелираа „кога се говори за чуствителни прашања и теми кои ,за жал, непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите.
Очекувавме еврокомесарката Марта Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата. Ова е неспорен факт, ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме. Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ, порачаа од СДСМ.