strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации
ЗАБАВА

Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации

Објавено April 27, 2025 10:06
strana.mk
Сподели
Сподели

На врвот на стрмните карпи на Санторини се наоѓа светски позната туристичка дестинација во Егејското Море. Но, под неа се крие ризик од разорна вулканска ерупција, пишува Би-би-си.

Пред неколку илјади години, островот доживеал една од најмоќните вулкански ерупции во историјата. Таа ја формирала денешната калдера – огромен кратер окружен со низа острови во облик на потковица. Денес, експертите сериозно предупредуваат: следната ерупција би можела да биде подеднакво разорна.

Новинарите на Би-би-си поминале еден ден на британскиот кралски истражувачки брод „Дискавери“, кој трага по одговори.

Ерупциите на подводните вулкани можат да бидат огромни и исклучително деструктивни“, предупредила професорката Изобел Џео од Британскиот национален океанографски центар, која го предводи меѓународниот научен тим на бродот „Дискавери“. Токму овој брод сега ги мапира опасностите што се кријат под површината на Санторини.

Загриженоста не е теоретска. Само неколку недели претходно, речиси половина од 11.000 жители на Санторини избегаа од островот поради страв, откако серија земјотреси го парализираа секојдневниот живот. Тоа беше алармантен сигнал дека под бајковитите села, гиро-рестораните, базените и лозјата на плодната вулканска почва, се судираат две тектонски плочи, пишува Би-би-си.

Научниците сега користат подводни роботи, софистицирани мапи, па дури и ги слушаат „звуците“ на Земјата – микрофрактури во карпите што укажуваат на движење на течности под земјата.

„Знаеме повеќе за површината на некои планети отколку за дното на ова море“, рекла Џео и додала дека нивната цел е да добијат податоци што би овозможиле навремено предупредување и заштита на луѓето.

Мегаерупција на повидок

Вулканот на Санторини не е единствената закана. Во близина се наоѓа уште еден подводен вулкан Коломбо, кој е исто така активен. Научниците не веруваат дека ќе се случи ерупција во блиска иднина, но предупредуваат дека тоа е само „прашање на време“.

Професорката Параскеви Номику, членка на Грчката агенција за цивилна заштита, објаснила дека проектот е клучен за безбедноста на локалното население. „Истражувањето ќе ги означи зоните до кои пристапот ќе биде забранет за време на ерупцијата и ќе покаже кои делови од морското дно се најопасни“, истакнала таа.

Влијанието на вулканската активност врз економијата веќе се чувствува. Имено многу туристи ги откажале своите летни резервации, а локалните бизниси страдаат.

TAGGED:ВулканерупцијаСанториниТуристи
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори
Следна статија Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

ЗАБАВА

Том Круз 16 пати скокнал со запален падобран- влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Том Круз сега е носител на Гинисовиот рекорд за смелиот скок што го изведе во најновото продолжение на франшизата „Невозможна…

June 7, 2025
ЗАБАВА

Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Над 10.000 посетители уживаа во настапот на Армин ван Бурен во Битола

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и…

August 4, 2025
ЗАБАВА

Како во поранешна Југославија се штанцале Адидас торби и патики: Народот ги обожувал повеќе и од фармерките од Трст

Интересен потсетник за фабрика што работела во Југославија беше објавен на Фејсбук страница. Зборуваме за познатата Југопластика, а на споделената…

May 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?