Две маскирани лица ограбиле продавница за мобилни телефони во скопски Сарај, одземајќи вкупно 52 уреди. , објави 4NEWS.mk
Од безбедносните камери кои го снимиле моментот на грабежот, се гледа дека за тоа им требало само 30 секунди, откако претходно ја обиле вратата на продавницата.
Сопствениците на продавницата велат дека засега немаат трага од сторителите ниту од украдените телефони.
Полицијата работи на идентификација и пронаоѓање на осомничените.