Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „ВРЕДИ“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околу денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.
– Ние најавуваме дека ќе преземеме конкретни правни мерки, односно ќе поднесеме кривична пријава против претседавачот со Комисијата, Имрлије Фетаи-Салиу заради грубо кршење на Деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. А, воедно ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бараме да се утврди прекршувањето на правото на пратениците на коишто им беше оневозможено согласно Деловникот да постават и да предложат измена и дополнување на дневниот ред, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.