strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски
ПОЛИТИКА

СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски

Објавено March 11, 2025 16:45
strana.mk
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да постапи за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација што од вчера е актуелен во јавноста, а кој го обзнанија токму од СДСМ.

Од СДСМ велат дека сите докази и документи со кои располагаат се јавно објавени и оти на ДКСК и на Јавното обвинителство нема да им биде проблем да ги обезбедат и да постапат за случајот да биде целосно расчистен.

„Министерот Стефан Андоновски вчера на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство, но наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на државната секретарка Клинчарова. Ова претставува јасен конфликт на интереси, непотизам и основен сомнеж за корупција кои се впрочем одлики на ВМРО-ДПМНЕ“,рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција од пред зградата на ДКСК.


Според Кузеска, министерот Андоновски не може да се извлече со обидите да го релативизира случајот тврдејќи дека државната секретарка не учествувала во постапката.

Таа додаде дека државниот секретар раководи со целата администрација во секое министерство и нагласи оти Клинчарова им била надредена на сите што биле вклучени во тендерската постапка која завршила кај нејзиниот сопруг.

Кузеска ги повика ДКСК и Обвинителството веднаш да преземат конкретни чекори велејќи оти ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е директен удар врз довербата на граѓаните во институциите.

„Мора да има целосно расчистување на коруптивните шеми на власта. А, министерот Андоновски веднаш треба да поднесе оставка за да не влијае на постапката“,рече Кузеска.

Случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација Кузеска го изнесе вчера на прес-конференција кога, објавувајќи договори што биле склучени меѓу министерството и фирма од Скопје, обвини за скандал во оваа државна институција во кој, како што рече, има конфликт на интерес.

Кузеска покажа два договори за кои рече дека се склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги „Матео дизајн“ од Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчарова.

Кузеска, велејќи дека на договорите како потписник стои името и презимето на министерот Стефан Андоновски, упати прашање „Каква е неговата улога во овој скандал и дали бил и тој соучесник?“

По ова се огласи министерот Стефан Андоновски кој рече дека се додека договорот со „Матео дизајн“ не дошол кај него за потпис тој не знаел дека постои таква фирма и смета дека во овој случај ниту еден дел од неговата изјава за судир на интереси не е прекршен.

Тој додаде и дека државната секретарка во Министерството не учествува во ниту една постапка за јавна набавка, во ниту една фаза и оти нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството. Оттука, како што рече, не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

Од СДСМ потоа рекоа дека Андоновски ги признал и ги потврдил информациите на партијата, а со тоа и скандалот во кој тендерите во неговото министерство ги има добиено сопругот на државната секретарка Гордана Клинчарова.

TAGGED:богданка кузескадкскслучајстефан андоновскитендери
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено
Следна статија Бишев: Потребно е да се намалат јавните расходи и да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните институции

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и…

February 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка,…

February 26, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев

СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци.…

November 25, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?