Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.
Покрај Андреј, починати се и музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо.
Првично беше потврдена веста за смртта на Филип Стевковски, кој беше помеѓу првите идентификувани лица, а потоа во тек на ден продолжија да пристигаат црните вести за смртта на останатите од тимот на ДНК.
Владимир Блажевски Панчо од ДНК е хоспитализиран со изгореници и е вон животна опасност.
Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за ДНК е на домашно лекување.