Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест на кој стотици граѓани бараа правда за загинатите во сообраќајни несреќи како и ригорозни казни за прекршителите на сообраќајните правила кои предизвикале смртни последици.Протестот започна од „Партизански одреди“ каде што загина Фросина на 29 јануари, откако беше прегазена додека минувала на пешачки, од автомобилот на 20-годишниот возач, кој според официјалните информации, немал возачка дозвола, имал алкохол во себе и поминал на црвено.
Во првите редови, покрај најблиските на Фросина, беа и родители и семејства на жртви во сообраќајни несреќи кои бараат правда за своите најблиски. На нивните транспаренти пишуваше „Сакаме правда за жртвите“,„ Правда за Теодора“, „Правда за Викторија“ и повикуваа по скопските улици да им се приклучат случајните минувачи.Во повикот за протест кој што го објави сестрата на Фросина, Росица е наведено дека „ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука“.
Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата. Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!“, се вели во повикот за денешниот протест.
По Владата, следната дестинација на протестниот марш ќе биде Собранието и Апелациониот суд.Демонстрантите од праниците бараат се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.Од судиите во Апелациониот суд, демонстраните бараат да престанат да ги бранат, како што велат нечесните меѓу нив.