strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка
ЗДРАВЈЕ

Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка

Објавено March 5, 2025 17:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Се зголемува бројот на млади пациентки со рак на дојка. Иако претходно жените над 40 години беа со поголем ризик да заболат од карцином на града, сега заболуваат и жени над 20 години. Поголем е и бројот на жени кои прават реконструкција на дојка. Статистиката покажува дека доколку пред десетина години имало 30 пациентки годишно кои ставале имланти на градите, сега годишно реконструкција на града прават од 120 до 150 жени, која е под товар на Фондот за здравстено осигурување, порачаа денеска говорниците за време на предавањето „Карцином на дојка“ што се одржа во Скопје.

Потпретседателката и менаџерка за комуникации ХЕМА-ОНКО, Милица Кузманоска пред почетокот на предавањето, изјави дека самата реконструкција на дојка на жените им дава самодоверба и подвлече дека имаат многу жени во ова Здружение кои се оперирани и имаат ставено импланти и се задоволни.

Сите знаеме дека октомври е месец за подигнување на свесноста за рак на дојка, меѓутоа ние одлучивме по иницијатива на Клиниката за пластика и директорката Јасмина Георгиевска, да ги продолжиме активностите за подигнување на свесноста. Предавањето во поширок аспект ги опфаќа пациентите со рак на дојка од дијагноза, преку третман, меѓутоа и реконструкција на дојката, што е многу важен и значаен момент за пациентите, особено за младите пациенти. Во последно време, за жал, имаме се повеќе млади пациенти со рак на дојка, рече Кузманоска.

Како што посочи, секој кога ќе ја добие дијагнозата, прво што ќе го помисли е што побрзо да се изврши оперативниот третман и да се отстрани некогаш дури и целата дојка, меѓутоа подоцна, откако пациентот ќе се разбуди и ќе биде свесен за состојбата, тогаш сфаќа дека некој дел од телото недостасува.

Токму овие трибини се за подигнување на свесноста и за реконструкцијата на дојка, која што на некој начин им дава самодоверба на жените. Ние имаме многу жени во ХЕМА-ОНКО кои се оперирани и имаат ставено импланти, имаат направено реконструкција на дојка и се задоволни. Ова е еден дел од кампањата, вториот дел ќе опфати уште неколку градови во земјава, додаде Кузманоска.

Таа подвлече дека реконструкцијата на дојка е законски регулирана и паѓа на товарот на Фондот за здравствено осигурување. Самата реконструкција, како што рече, зависи од состојбата на пациентот, бидејќи има два вида на реконструкција – реконструкција со ставање на импланти, како и реконструкција со сопствено ткиво, од сопственото тело.

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, медицински директор, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија пред почетокот на предавањето изјави дека сега постојат и 20 годишни пациенти кои доаѓаат за реконструкција на дојка.

Иако претходно жените над 40 години беа со поголем ризик да заболат од карцином на града, сега имаме и жени над 20 години кои доаѓаат за реконструкција. Реконструкциите се под Фондот, а ги работи Клиниката за пластична хирургија. Реконструкцијата може да се направи со сопствено ткиво кое што може да биде од стомак или од грб, само тука е малку пообемен тој оперативен зафат и остануваат видливи лузни. Реконструкцијата со импланти и со експандери е многу поедноставна и за лекарот и за пациентите, затоа што се оди преку лузната која што веќе е направена од претходниот оперативен зафат, рече Ѓоргиевска Павловска.

Како што подвлече, нивната најмлада пациентка која реконструирала дојка е на 28 годишна возраст.

Најмлада пациентка која реконструираше дојка е на 27/ 28 годишна возраст. Јас имам пациентки кои се мастектомирани на двете страни. Тие имаат накај 50 години, но првата мастектомија им била на 33/34 годишна возраст. Ние имаме соработка со Клиниката за торакална хирургија, каде што примарната реконструкција се одвива речиси дневно, рече Ѓоргиевска Павловска.

Говорејќи за статистичките податоци, Ѓоргиевска Павловска напомена дека доколку пред десетина години имало 30 пациентки годишно кои ставале импланти на нивните гради, сега имаме годишно од 120 до 150 жени кои ставаат импланти под товар на Фондот.

Д-р Валентина Бојовска Трајановска, специјалист по онкологија посочи дека во целиот третман многу е важна и самата психолошка и психофизичка состојба на пациентките.

Многу е важно како дел од целиот третман, во каква психолошка и психофизичка состојба се самите пациенти. Дојките се едни од најважните органи за секоја жена и секоја загуба на дојката е голема траума. Во соработка со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија се прават се подобри реконструкции. Имам видено прекрасни дојки, многу поубави отколку оние што пациентката ги имала претходно. Дури, колегите се насочени кон тој дел, па се прават и посебни реконструкции и на другата дојка, за тие дојки да добијат убава симетрија, рече Бојовска Трајановска.

Прашана дали ќе биде реконструкцијата направена веднаш по самото дијагностицирање или откако ќе заврши целиот третман од нивната страна, Бојовска Трајановска одговори дека не може да се каже така лесно, бидејќи за ова влијаат многу фактори.

За ова влијаат многу фактори, а најмногу и самата желба на пациентката, но и во кој стадиум била, кои третмани се очекуваат од наша страна. Сепак, 99 проценти од пациентките би сакале да имаат реконструкција, рече Бојовска Трајановска.

Таа подвлече дека се зголемува бројот на помладите пациенти. Нејзината најмлада пациентка имала неполни 23 години.

Не е проблем во оваа држава само да се реши колку долго ќе ја имаме достапна таа скапа терапија. Најголем дел од таа скапа терапија се дава веќе во стадиумите кои што се во поодмината фаза. Доколку пациентката во рана фаза ја открие болеста, не само за лековите, туку полесно и подобро ќе биде и за самата реконструкција. И товарот на државата ќе биде многу помал и лековите ќе нема воопшто потреба да ги прима од тој тип, додаде Бојовска Трајановска.

TAGGED:Јасмина Ѓоргиевска Павловскарак на дојкареконструкција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Хајрулахи поднесе кривична пријава против Љупчо Коцевски
Следна статија Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,…

April 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Си ги мирисал валканите чорапи, па добил габична инфекција на белите дробови

Средовечен службеник од кинескиот град Чунгкинг, чие име не е објавено, неодамна бил примен во локална болница со интензивна кашлица.…

April 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!

Индикаторите поврзани со детското здравје се показатели за степенот на здравствен и економски развој на едно општество, на една заедница.…

November 17, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени…

January 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?