strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен

Објавено February 21, 2025 08:29
strana.mk
Сподели
Сподели

Дел од маркетите вчера почнаа да ги намалуваат цените на производите согласно одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, што треба да важи до 30 април годинава. Истовремено инспектори на Државниот пазарен инспекторат започнаа контроли по маркетите дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи.

Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од 500 до 10.000 евра, а сите неправилности може да се пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk.

По објавувањето на двете владини одлуки во „Службен весник“ вчера тие стапија во сила и ќе важат до 30 април.

Согласно Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа, се ограничува маржата на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи и тоа со 5 проценти бруто профитна маржа ќе бидат млекото, лебот, брашното тип 400 и тип 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, а со 10 проценти бруто профитна маржа месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините. Со 15 проценти бруто маржа се ограничуваат 39 прехранбени производи и средства за хигена (свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго).

Согласно Одлуката за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговија на големо и трговија на мало, утврдени се највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи производи (млеко, леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко) при што како највисока цена се утврдени цените што се применувале на 1 февруари годинава.

Трговците имаа обврска производите кои се опфатени со одлуките да ги обележат со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе”.

Комисијата за заштита на конкуренцијата синоќа соопшти дека повела прекршочна постапка за ланци маркети кои се договарале за цени. Како што се наведува во соопштението, Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи извршила ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите.

– Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека неколку ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата. При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање, се наведува во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата објавено на Фејсбук.

Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка.

Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и ќе преземе најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информираше дека минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари.

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и одржување на хигиена во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.592 денари или 7,2 отсто, за образование 7.036 денари или 11 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.471 денар.

TAGGED:МаркетиЦени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
Следна статија Мицкоски ја продолжува посетата на САД, се сретна со првиот човек на Атланскиот совет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во октомври 42 134 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел,…

May 14, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?