strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано, вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано, вели Мицкоски

Објавено July 6, 2025 16:07
strana.mk
Сподели
Сподели

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, наласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.

Но, според Мицкоски, ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележано и како да треба да се помириме со тоа.

-Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина… Ајде сите заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата економија, за побогата Македонија, за поуспешни спортисти… природно е тоа, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата.

Факт е, нагласи Мицкоски, дека имаме рецесија од 30 проценти на новородени бебиња во Македонија од 23 илјади во 2016 година, на 16 илјади во 2024 година. Бројот на новосклучени бракови, пак е намален за 17 проценти во три години, од нешто повеќе од 13 300 брака во 2021 година, на 11 100 во 2024 година.

-Јас ја сакам мојата држава, го сакам мојот народ и граѓаните и нема да биде одговорно ако тоа го премолчам. Се радувам на јавната дебата, ми пишуваат луѓе, треба со финансиска поддршка да излезе владата итн., Не е тоа решението, изјави Мицкоски.

Тој како пример ја посочи Јужна Кореја, една од најбогатите светски економии, со најнизок фертилитет во светот која има потрошено 270 милијарди долари во последните 15 години за да стигне стапка на фертилитет од 0,75 проценти.

-Не е до финансиите, до срцето и главата е. До желбата и до умот и затоа, треба од најмлади да работиме за децата и затоа инсистирам во читанката да биде поим за семејство јас, мама, тато, бато и дада. Мора, ако сакаме да опстоиме и како народ, и како нација и како држава тоа е иднината и мора да се бориме, порача Мицкоски.

Според Мицкоски, состојбата е иста и во Грција, Германија, Полска … и повика сите заедно да работиме за ова да не ни се случи.

Мицкоски, исто така, посочи дека на избори излегол со програма во која немало родител 1 и 2, туку татко и мајка и програма во која семејството било прво.

Семејната парада, тоа е мојата гордост и тоа идинаната на мојата држава. Може некој ќе ми замери, тоа е тоа. Не можам на сите да им погодам, но ова е политиката што јас додека сум претсетдале на Владата ќе ја водам, изјави Мицкоски.

TAGGED:данокнеженеинемаженихристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа
Следна статија Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Денес, на оваа престижна меѓународна платформа, се собираме со чувство на одговорност, но не само како претставници на различни нации…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС

Владата на седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Деребан: Одлуката на Влада за разрешување на Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата

На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината

Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што…

July 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?