strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Се стабилизира состојбата на критичните пациенти од пожарот, од утре ќе се исплаќа помошта за семејствата на настраданите
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се стабилизира состојбата на критичните пациенти од пожарот, од утре ќе се исплаќа помошта за семејствата на настраданите
МАКЕДОНИЈА

Се стабилизира состојбата на критичните пациенти од пожарот, од утре ќе се исплаќа помошта за семејствата на настраданите

Објавено March 23, 2025 09:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во земјава и надвор од државата. Но, како што посочуваат надлежните, борбата не е завршена, таа допрва претстои, почнува ризикот од инфекции и претстои можно влошување на состојбата. Сепак, утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата.

Во земјава моментно се лекуваат 54 пациенти од пожарот, на Клинички центар се 27 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 11, во Градска општа болница – 10, додека на приватните клиники се лекуваат шест пациенти.

Од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош.

Mинистерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, вчера соопшти дека од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, се очекува идната недела пет да бидат вратени во земјава. По тријажата која ќе им биде направена, потенцира, ќе се утврди дали ќе бидат задржани на некои од трите болници во Скопје или ќе бидат испратени на домашно лекување.

Таравари нагласи дека шест пациенти се во критична состојба, додека пак, останатите 109 пациенти се во релативно добра состојба.  Од пациентите кои се во критична состојба, двајца се лекуваат во Љубљана и четири во Воено-медицинската академија во Белград.

Во врска со оние пациенти кои се очекува идната недела да се вратат во земјава, Таравари рече дека според информациите кои ги добиваат тие дури би можеле да се вратат со комерцијални летови.

– Од Италија се планира еден испис, од Шпанија се планираат два исписа, од Шведска еден испис и од Австрија два исписи. Ова е планот, но не е дефинитивно во понеделник ќе ве известиме точно. Подготвуваме протоколи кои што ќе бидат прифатени од Кризниот штаб и објавени транспарентно за да се види како ќе се третираат пациентите. Најпрво ќе ги примиме во болниците, потоа ќе ги пуштиме дома, рече министерот Таравари.

Според Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), утре се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Тимови од Израел и Велика Британија, како што рече вчера на прес-конференција, помагаат да се направи планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман во земјата.

Според него, борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата. Информираше дека претходниот ден биле хоспитализирани шест нови пациенти –  пет на Токсикологија и еден со комбинирани – респираторни проблеми и изгореници.

Клековски соопшти дека ФЗОМ им дал насоки на матичните лекари за отстранување на ограничувања во пропишување на лекови и боледувања за засегнатите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, со оглед на тоа што досега не биле предвидени вакви ситуации освен за заразни болести.

За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош во износ од 150 илјади денари која ќе се реализира преку Црвениот крст.  Одлуката на прес-конференција вчера ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР)  Ивица Томовски.

Владата го плаќа престојот на најблиски на пациентите што се лекуваат во странство, за што право имаат по две лица од семејството за секој повреден.

Томовски повтори дека лекувањето на пациентите во странство е на трошок на државата домаќин, а патот, сместувањето и други трошоци за семејствата ги покрива на нашата Влада.

-Досега, 188 лица се згрижени и сместени. Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за секој настрадан да биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија, рече Томовски.  Семејствата ќе почнат да ја добиваат помошта од донации од сметката на Црвениот крст, на која досега се собрани 51 милион денари, од понеделник.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски најави дека денеска ќе замине во Будимпешта да ги посети повредените што се во тамошните болници.

На новинарско прашање дали ќе се активираат и механизмите на НАТО за ваква ситуација, министерот одговори дека во овој момент сметаат оти е доволно што е активиран Механизмот на ЕУ за цивилна заштита.

Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грација, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.

Чешка и Израел испратиле медицински тимови додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедиле логистичка поддршка за транспорт на повредените.

Соопшти дека нашите ДКП-а се во 24 часовна комуникација со семејствата во земјите каде се згрижени нивните најблиски, дека им се покриени сите потребни трошоци. Посочи и дека дежурните телефони на МНРНТ и СОЗР остануваат отворени за сите прашања и потреби.

Повторувајќи дека трошоците за лекувањето во странство на 116-те пациенти повредени во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини, а трошоците за пат, сместување и целокупната логистика за семејствата на пациентите ги покрива македонската Влада, министерот Муцунски на прес-конференција вчера рече дека дезинформациите што излегуваат околу трошоците не ги смета за тенденциозни, со оглед дека „целото општество доживува шок по трагедијата“, и дека „природна човечка реакција е да сакаш да помогнеш и затоа дел од граѓаните прават иницијативи за да помогнат“.

Посочи дека дежурните телефонски броеви на МНРНТ и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) остануваат достапни за сите потреби и информации.

Портпаролката на Владата Марија Митева на редовната прес-конференција за активностите на институциите по трагедијата со пожарот во Кочани вчера истакна дека приоитетот сега е двоен, да се заврши институционалната работа со целосен интегритет и да се преземат итни чекори за да се спречат идните трагедии од ваков карактер.

-Во координација со сите надлежни органи ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови, туку со акција, рече таа.

Во меѓувреме вчера во Кочани во Паркот на Револуцијата граѓаните организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените. Со пораки испишани на транспаренти, тие порачаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај. Собирот заврши со мирен марш по улиците во централното градско подрачје на Кочани, а граѓаните порачаа дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови.

И во Штип синоќа во тишина, без говори и со пораката „Вие го запаливте пламенот спремете се за оган“ се собраа младите на Градскиот плоштад „Слобода“, изразувајќи го својот револт за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

TAGGED:КочаниПовредени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кирил од Левица главен организатор: Видео од состанок каде се подготвува српско сценарио и насилство на утрешниот протест во Скопје
Следна статија Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

Гатузо си го оствари сонот

Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Собранието ќе расправа денес за воведување една изборна единица и соодветна измена на изборниот закон

Собранието на Република Македонија денес ќе расправа во врска со приспособувањето и дополната на изборниот закон, по скратена процедура презентиран…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нозете ми се фатија, едвај излегов, живи ќе изгоревме, сведочи патничка во автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште

Целосно изгоре автобус на ЈСП, кој се запали кај Сопиште. Во него се превезувале десетина патници. „Шоферот вика гориме. Се…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, порача премиерот Христијан Мицкоски.…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.…

June 19, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?