strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија

Објавено May 25, 2025 10:02
strana.mk
Сподели
Сподели

Дваесет и седумгодишната Силвија Думинуцо живее во Италија заедно со Енцо и Лилијана Думинуцо кои ја посвоиле во 2003 година. Не се сеќава на биолошките родители, но од својата 18-годишна возраст посакува да ја најде својата биолошка мајка.

Она што го знае за биолошките родители се само неколку документи. Според она што и пренеле сегашните родители, мајка и била премногу стара за да се грижи за неа, а татко и починал најверојатно брзо по нејзиното раѓање. Силвија има документ од 7 октомври 2003 година, што претставува наод и мислење за видот и степен на психофизичка попреченост. Во тој документ презимето и е Трајковска, а името на нејзината мајка е Велика, додека името на таткото е Душко, со назнака дека е починат. Според овој документ, Силвија е родена во Скопје, а адреса на живеење е наведена во Македонски Брод. Силвија смета дека во Македонски Брод живеела во згрижувачко семејство.

Родена на 6 ноември 1997 година во Македонија, а според одредени документи што ги има, нејзината биолошка мајка на 23 февруари 1998 година ја предала да живее во згрижувачко семејство. Така, Силвија ги менува згрижувачките семејства се до 2003 година кога била во таков дом во Свети Николе, од каде е посвоена од сопружниците Думинуцо.

Во потрагата за мајката, Силвија ја контактирала Италијанската државна агенција која им помогнала на Енцо и Лилијана да ја посвојат, но не добила конкректна помош.

– Имаа досие за мене, но кога отидов таму, тоа досие мистериозно исчезна. Ја повикав и македонската адвокатка која имаше улога на преведувач во моментот на моето посвојување. Но, таа или не сакаше да ми помогне или едноставно не можеше, раскажува Силвија.

Според италијанскиот закон, требала да наполни 25 години за да побара и добие информации за нејзините биолошки родители.

– Кога наполнив 25 години, сакав да го поднесам барањето, но мајка ми заврши во болница, а јас тоа го сфатив како знак дека сè уште не е вистинското време. Сега, на 27 години, прашав во институцијата, што треба да направам за да ги најдам моите биолошки родители, а тие ми рекоа дека не можат ништо да направат бидејќи се работи за меѓународно посвојување и немаат документи, раскажува Силвија.

Вели дека кога почнала да ја бара мајка ѝ, знаела дека нема да биде лесно, но не претпоставувала дека ќе биде толку тешко.

– Колку повеќе барав, толку помалку наоѓав. Тоа беше навистина тешко и фрустрирачко време. Но, сега, се надевам дека работите ќе се подобрат. Имам неверојатни луѓе кои ме поддржуваат и повеќе не сум сама. Тоа веќе прави голема разлика, вели Силвија.

Памети дека престојувала во различни згрижувачки домови, но не се сеќава на детали, каде, колку и кај кого. Памети само дека последното семејство било во Свети Николе од каде била посвоена во Италија. Таму живееле осум луѓе, згрижувачките родители, баба и дедо, две постари момчиња, како и момче на нејзина возраст.

– Што се однесува до момчето кое живееше со мене, на моја возраст, знам дека беше посвоено во исто време кога бев јас, всушност се сеќавам дека кога првпат ги запознав моите посвоители беше во иста соба со мене. Колку што знам, неговото посвојување не успеа. Неговите посвоители го отфрлија по некое време и не знам што се случи со него. Отсекогаш сум се чувствувала виновна што успеав… затоа што имав свое семејство, семејство во кое никогаш ништо не ми недостигаше, додека тој беше отфрлен. Само сакам да знам дали е добро… тоа е се, вели Силвија.

За Енцо и Лилијана, кои ја посвоиле вели дека се неверојатни родители, ги смета за најсилните луѓе од сите што ги познава. Тие пред да ја посвојат поминале низ повеќе животни проблеми. Нивните животи се вкрстиле во обичен декемвриски ден, но тоа предизвикало промена во животите.

– Мајка ми е пензионирана професорка по математика, а татко ми е пензиониран архитект, што ги отсликува нивните личности. Мајка ми е строга и дисциплинирана, но со големо срце. Татко ми е повеќе, како да кажам, бунтовен. Ме остава да правам што сакам, секогаш умерено, како што вели. Поминав низ тешки моменти во моите тинејџерски години кога ми требаа одговори, а тие стоеја покрај мене, дури и кога ги оттурнав. Можам да бидам навистина злобна кога сакам, но тие никогаш не се повлекуваа од мене и секогаш ме гушкаа кога ми требаше. Можеби звучи клише, но тие беа првите луѓе кои никогаш не ме напуштија, раскажува таа.

Од кога била посвоена на шест години до 19 години живеела со родителите-посвоители во мал град на островот Сицилија. Дипломирала во Бреш на Академијата за ликовни уметности, а потоа одбранила две магистратури во Торино и Милано. Сега живее и работи во Милано.

Силвија направи ДНК тест за да може да пронајде можни роднини или ако има некои совпаѓања. Доколку некој има некаков податок или информација што може да и помогне на Силвија може да напише на мејлот lookingformajka@gmail.com. За потрагата на Силвија за својата биолошка мајка ќе се сними и документарен филм.

TAGGED:Биолошка мајкаИталијапотрагаСилвија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Фреди Меркјури имал тајна ќерка со која бил во блиски односи
Следна статија Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Граѓаните на Македонија со најниска доверба во ЕУ меѓу земјите кандидати за членство

Мнозинството граѓани на Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска

авноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите

Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија, Србија и БиХ сакаат да увезуваат отпад од ЕУ

Македонија бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија пренесува…

February 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?