Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, денеска беше во посета Ватикан, каде што се сретна со новиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав XIV.Синер пристигна со два тениски рекети, а еден беше подарок за новиот папа.
Во топлата атмосфера, папата го запраша Синер дали победил на вчерашниот меч во Рим. Кога доби потврден одговор, веднаш се заинтересира дали токму со тој рекет ја забележал победата. Синер му објасни дека настапил со сличен модел, но во поинаква боја од оној што му го подари.
Интересен момент се случи кога Синер, со насмевка, му понуди на папата да одиграат неколку поени. Лав XIV со доза на хумор ја одби понудата, велејќи дека се плаши да не скрши нешто во просторијата.
Папата Лав XIV, инаку, пред да биде избран за врховен црковен водач бил познат како голем љубител на тенисот и во младоста аматерски го играл овој спорт. Многу медиуми пишуваа за неговата пасија кон белиот спорт, што денес се потврдува и преку ваква симболична средба.