strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални
МАКЕДОНИЈА

Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални

Објавено February 9, 2025 10:06
strana.mk
Сподели
Сподели

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од неодамна е овозможено секој електронски документ кој е изработен од државен орган, да може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ, а на граѓаните да не им се бара во хартиена форма, што беше пракса во минатото, со што плаќаа двапати. Сепак во пракса граѓаните се уште се соочуваат со неприфаќање на електронските документи од дел од институциите.

Од Министерството за дигитална трансформација (МДТ) за МИА велат дека е изработено Упатство со цел правилна примена на законот, а доколку граѓаните наидат на неприфаќање на нивниот испечатен електронски документ од некоја институција треба да се повикаат на законот кој ги обврзува институциите да го прифатат документот бидејќи е еднакво валиден како и оригиналниот.

Се уште немаме направено детални анализи, бидејќи измените на законот се случија изминатиот месец, но искористеноста на услугите на националниот портал за услуги, uslugi.gov.mk е во постојан раст, судејќи според позитивните реакции од страна на граѓаните и бизнисот можеме да кажеме дека тие се задоволни од ваквата можност. Што се однесува до институциите, неодамна министерот Андоновски изјави дека очекуваме можеби отпор или незнаење од страна на институциите и затоа изработивме упатство каде што се цитира членот од законот со кој што се дава правна основа на испечатен електронски документ да биде признат како валиден. Доколку граѓаните наидат на неприфаќање на нивниот документ од страна на некоја институција апелираме да се повикаат на законот кој ги обврзува институциите да го прифатат документот бидејќи е еднакво валиден како и оригиналниот, велат од Министерството за дигитална трансформација (МДТ).

Комуникологот Бојан Кордалов, пак, за МИА вели дека е долг процесот на прифаќање на ваквата услуга, бидејќи, како што посочува, кај нас се уште постои страв од користење на дигитални услуги, но и отпор дека доколку се осовремениме би се изгубиле работни места.

– Долг е процесот бидејќи кај нас се уште постои страв од користење на дигитални услуги, но и отпор дека доколку се осовремениме би се изгубиле работни места, притоа заборавајќи дека не само што дигитализацијата отвора нови работни места, туку и дека тоа се високо платени работни позиции. Истовремено, во секој процес на дигитална трансформација важно е да се предвиди дека за нејзина успешност неопходно да се осигураме дека секој човек има пристап до електронски уреди, поседува квалитетен интернет, како и дека ја има совладано основата на дигиталната писменост. Токму затоа советувам да не се укинува и можноста за традиционално или хартиено вадење на документи на шалтер со цел ниеден наш сограѓанин да не остане без можност за добивање на услуга која институциите ја нудат, изјави Кордалов за МИА.

Според него, клучно за да имаат реална примена електронските документи е јасно промовирање на придобивките, можност за тест период во кој електронските услуги би се добивале со намалени цени или бесплатно, како и постојано информирање за растот на корисници на услугите и нивни изјави зошто се одлучиле да го променат хартиеното со дигитално вадење на документи.

Нов сектор во МДТ за надзор на институциите, ќе го контролира евентуалното неприфаќање на електронските документи

Од МДТ најавуваат дека кон втората половина на годинава е планирано да се формира сектор во рамки на Министерството каде што ќе има линценцирани инспектори кои ќе вршат надзор врз институциите за примената и почитувањето на законите од Министерството за дигитална трансформација и соодветно на тоа и евентуалното неприфаќање на електронските документи како валидни.

За националната ИКТ стратегија што е во подготовка и со која меѓу останатото треба да се модернизираат јавните услуги, Комуникологот Кордалов смета дека се реално големи шансите редиците на шалтерите за услуги од институциите и грешките во документите да станат минато.

– Ако го почнеме и целосно се посветиме на ваквиот процес мора да бидеме свесни дека ќе треба да се вложува вистински и многу повеќе во сајбер безбедноста, како и дека за вакви успешни реформи е неопходно вклучување на целокупниот ИКТ сектор во земјава. Тоа на почеток ќе чини многу, меѓутоа многу брзо и долгорочно неколкукратно ќе се исплати тој влог, посочува Кордалов за МИА.

Ова е искуство, како што нагласува, на сите развиени западни земји кои пред нас го изодуваат ваквиот процес.

– Истовремено, државата мора да размислува да ја подобри достапноста до квалитетен интернет и електронски уреди до секој човек, како и да работи на максимално подигнување на дигиталната безбедност и свест со цел да се успее и постојано зголемува бројот на интернет корисници на услугите, односно да станат минато редиците и гужвите на шалтерите. И уште една работа која многу често забораваме да ја нагласиме во овој контекст, а тоа се поштенските услуги и патната инфраструктура. Тешко ќе оди процесот на дигитална трансформација на шалтерските услуги со вакво ниво на поштенски услуги кои во огромен дел, освен на недостатокот на човечки фактор, се базираат и на актуелната неалтернативна сообраќајна инфраструктура низ целата земја, вели Кордалов.

Медиумите се највлијателните извори за информирање и доверба кај граѓаните

За Националниот портал за е-услуги, кој во неколку наврати беше ажуриран и надградуван, но и покрај тоа граѓаните не ги користат доволно можностите што ги нуди, комуникологот Кордалов смета дека е потребно промовирање на можностите и придобивките што се нудат.

– Недоволно е правењето на новини ако вашиот единствен канал за нивно промовирање ви се социјалните мрежи, односно корисничките сметки на јавните институции и функционери. Статистиката и сите релевантни истражувања јасно укажуваат дека токму медиумите се највлијателните извори за информирање и доверба кај граѓаните и оттука сметам дека надлежните е потребно многу повеќе фокус да стават во соработката со новинарите и медиумите во оваа сфера доколку сакаме да постигнеме повидливи и побрзи резултати, потенцира Кордалов за МИА.

Согласно член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25), со кој се изменува и дополнува член 10 со ставови (2) и (3), подготвено е Упатство за користење на електронски документи, со цел правилна примена на законот и обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните.

Националниот портал за е-услуги неколку пати досега ажуриран и надградуван

На Националниот портал за е-услуги достапни се вкупно 306 електронски услуги од кои за 167 може директно да се аплицира на порталот, а за останатите 139 на надворешен систем исто така користејќи го Националниот портал. Досега на Националниот портал за е-услуги регистрирани се вкупно 151.943 корисници.

– Со редизајнирањето на порталот придобивките се: зголемен број на регистрирани корисници на порталот, целосно ново корисничко искуство со јасна поделба на услугите за граѓани и бизниси, поголема пристапност за лицата со попреченост, поинтуитевен пристап до услугите преку надграден пребарувач, кој што овозможува услугите да бидат достапни со еден клик, можност за оценување на услугите од страна на корисниците, посебен дел за новости и најупотребувани услуги, велат од МДТ за МИА.

Нагласуваат дека некои од досега најкористени услуги се услугата за аплицирање на дозвола за оружје, уверение за државјанство, потврда за стаж, изводот од матична книга на родени.

Во 2025 година работиме на тоа да дигитализираме уште 100 нови услуги во текот на оваа година кој што ќе им заштедат време и олеснат пристап на граѓаните до потребните документи, посочуваат од МДТ за МИА.

TAGGED:Електронски документи
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
Следна статија 91-годишна скопјанка измамена за 300 илјади денари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Извршен увид во документација во Вишото јавно обвинителство Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска извршил увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбедил докази во…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Парадата на гордоста ќе се одржи на 21 јуни низ улиците во Скопје

Парадата на гордоста во 2025 година ќе се одржи во Скопје на 21. јуни со паролото „Ќе (оп)стоиме заедно“. Парадата…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) НОВ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Граѓаните порачуваат дека улиците не се тркачки патеки

Граѓаните попладнево повторно излегоа на протест кај Универзалната сала каде пред неколку дена Васил Јованов ја прегази Фросина Кулакова од…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор,…

November 1, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?